Македонија
СДСМ: Мицкоски сè уште покажува дека нема државнички капацитет, време е политички да созрее
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/mickoski-2.png)
Христијан Мицкоски одново покажа дека нема државнички капацитет, ниту основно чувство за државност, особено за прашања од највисок државен и национален интерес. Досега во целиот процес сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа, соопшти СДСМ.
„Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на разговорите со Бугарија во секој поглед и ги штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет. Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии, кои со месеци ги повторуваме, кои се усвоени во Собранието и тоа го исполнуваме целосно. Чист македонски јазик и историски прашања надвор од рамката, тоа беше државен став, кој е содржан во новиот модифициран предлог.
Детали за предлогот што беше доставен вчера попладне веќе денеска ќе бидат целосно објавени, го остваруваме она што го ветивме – дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог, кој е вреден за таква дебата. Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време, транспарентно излезе во јавноста и сето тоа е резултат на добрата стратегија и позиции што јасно ги постави премиерот Ковачевски. Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес, кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации“, се вели во партиското соопштение.
Од владејачката партија ги повикуваат сите општествени фактори, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесат одлуката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.