Контакт

Македонија

СДСМ: НЕ стана ДА, прифаќањето уставни измени од Мицкоски е за поздравување

Објавено пред

СДСМ го предводи концептот за европска Македонија и работи за остварување на уште една стратешка национална и државна цел поставена уште од независноста: членство во ЕУ до 2030 година, истакнуваат од владејачката партија.

dobivaj vesti na viber

„Имаме историска шанса и силна поддршка од нашите стратешки партнери ЕУ и САД и сега време за последниот чекор, да го продолжиме европскиот пат. Понудивме рака и на опозицијата за дијалог и шанса и тие да се приклучат и сега имаме нов момент на политичката сцена во земјата и нова реторика. Христијан Мицкоски прифати уставни измени и тоа јавно го кажа на прес конференција по одржувањето на лидерската средба“, се додава во нивното соопштение.

Додаваат дека откако цела една година ДПМНЕ се противеа на процесот, организираа насилни протести, ширеа хистерија, носеа маички со натпис НЕ, за Мицкоски сега е прифатливо да има уставни измени, прифатено е учество во Влада со СДСМ и други партии.

„НЕ на Мицкоски, сега стана ДА, тоа е за поздравување и сега треба дијалогот да продолжи се до заокружување на процесот и обезбедување на европската иднина на државата“, се потенцира во напишаното од страна на СДСМ.

Македонија

Муртезани со грчката амбасадорка Филипиду: разговарано и за важноста од континуирана имплементација на преспанскиот договор од двете страни

Објавено пред

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со амбасадорката на Хеленската Република во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која се разговараше за повеќе аспекти од билатералните односи и актуелните политички состојби во регионот.

dobivaj vesti na viber

Акцент на разговорите беше ставен на планот за раст на ЕК за Западен Балкан, како и на реформската агенда, а кои се важни за поттикнување на реформите и економскиот развој на земјата. Соговорниците исто така разговараа и за важноста од континуирана имплементација на преспанскиот договор од двете страни.

Муртезани истакна дека Северна Македонија посветено работи на зајакнување на односите со Грција како НАТО- сојузници и европски партнери. Тој го истакна значењето на добрососедските односи во пресрет на стабилноста и напредок на регионот и истакна дека земјата останува посветена на европскиот пат. Муртезани ја истакна важноста на поддршката на Грција за нашите евроинтеграции изразувајќи надеж дека двете страни ќе продолжат активно да работат во остварувањето на целта – членство во Европската Унија.

Амбасадорката Филипиду ја реафирмира поддршката за евроинтегративните напори на земјата потенцирајќи го значењето на билатералната соработка во разни области, особено економските, како и регионалните иницијативи.

Муртезани и Филипиду се согласија дека продлабочувањето на билатералната соработката, со програмите на Европската Унија, кои нудат голем потенцијал за интензивирање на соработката, поврзани со европската интеграција во рамките на TAIEX и „Твининг3, како и програмите INTERREG – IPA CBC, транснационалната програма INTERREG Балкан – Медитеран е од суштинска важност како за двете земји така и за регионот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Објавено пред

Скандалот со подарокот од 325.000 евра за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии, истакна на денешната прес-конференција Богданка Кузеска од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Денес објавуваме нови информации и детали со документи кои треба да ги истражат надлежните институции, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција.

Фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра е составен дел оваа зграда, во најстрогиот дел од Центарот на Скопје.

Она што е особено интересно е дека имот во оваа зграда, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Еве го неговиот имотен лист“, рече Кузеска.

Тошковски, според Кузеска, во зградата која е дел од шемата за поклонетиот имот на Јанушев имал имот од над 200 квадрати, стан од 146 метри кавдратни и деловни простории од 46 метри квадратни.

„Вкупната пазарна вредност на овој имот е над 400.000 евра.

Овој случај ужасно потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин.

Понатаму ги прашуваме Тошковски и ДКСК, пријавен ли е овој имот во анкетниот лист? Зошто неговиот анкетен лист не е достапен за јавноста?

Клучно и најважно прашање: како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски? Каков заеднички бизнис имале овие двајца? Дали преку шема на давање подароци овие двајца прикриваат некаква бизнис зделка која јавноста не треба да ја знае? Имаат ли скриени бизниси кои на крај завршуваат со подароци во имоти вредни над 300 илјади евра?“, праша Кузеска.

Според неа, јавноста знае дека Јанушев е веќе осуден криминалец во случајнот со 5 милиони евра за кинеските автубуси за ЈСП.

Додаде дека Јанушев се криеше пет дена пред да каже за поклонот, и ова, како што рече, може да е јасен сигнал дека се обидува да прикрие нешто во овој случај.

СДСМ, дополни Кузеска, ќе продолжи да ги објавува сите информации со кои располага, се додека не започнат истраги, се додека не се дознае целата вистина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Објавено пред

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, место наесен, како што најави претходната влада, ќе биде готов до Нова година. Денес, увид во градените работи направија новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, и министерот за транспорт, Александар Николоски.

dobivaj vesti na viber

„Овој пат е во должина од 25 километри, поделен на два лота. Едниот лот е од Страцин до Длабочица во должина од 15 километри, а вториот е од Длабочица до Крива Паланка во должина од 10 километри. Вредноста на целокупната инвестиција е 92,7 милиона евра, со тоа што првиот лот чини 43 милиони евра, а вториот речиси 50 милиони евра. Работите се почнати во 2018 година. Очекуваме дека до Нова година ќе бидат завршени двата лота“, рече директорот Трајановски и најави дека ќе продолжат да работат на комплетирање на Коридорот 8, чиј дел е и експресниот пат.

Министерот Николоски очекува со пуштањето во употреба на овој пат да се забрза економијата, граѓаните да може да остваруваат поголеми приходи и да останат да живеат во местата од кои потекнуваат.

„Можам со задоволство да кажам дека овој експресен пат, кој, наједноставно кажано, треба со модерно патно решение да ги поврзе Куманово и Крива Паланка, а со тоа Крива Паланка да ја поврзе и со Скопје, главниот град. Тука е и општината Ранковце, која треба да биде поврзана и со Крива Паланка и со Куманово, но и со Скопје, да може бргу да се стига од главниот град и до Ранковце и до Крива Паланка, да може да се развие бизнисот, луѓето да имаат приход повеќе и да остануваат да живеат во местата од кои потекнуваат“, рече министерот Николоски.

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка ќе го скрати и времето за патување до Софија.

„Овој пат ќе помогне да се забрза комуникацијата со Софија, да се скрати времето на патување за да се отвори нашиот главен град и кон и Софија и патувањето да дојде на некои пристојни два и пол часа, што мислам дека е едно сосема пристојно време за патување од Софија до Скопје и на тој начин да го отвориме Коридорот 8“, рече министерот Николоски.

Изминативе четири недели министерот ги искористил за анализа на актуелните проекти, а во овој проект неговиот тим утврдил проблеми со експропријацијата, со изведбата, доцнење поради неработење и давање лажни ветувања за завршувањето на изградбата.

За изградба на експресниот пат Страцин – Крива Паланка претходната влада обезбеди грант од 14 милиони евра, а остатокот до 92 милиона евра се финансира со кредит од Светската банка.

Жители на Страцин и околните села минатата година го блокираа патот оти експресната сообраќајница им го пресече локалниот пат и ги принуди со трактори да го преминуваат патот за да стигнат до обработливите површини по што Јавното претпријатие за државни патишта мораше да бара ново решение.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ36 минути

Џип со странски таблички усмрти велосипедист во Тетово, возачот побегнал

Шеесет и седумгодишен маж од Џепчиште, кој управувал велосипед, загина кога во него се забил џип со швајцарски регистерски ознаки...

Македонија1 час

(Видео) Кузеска: Панче Тошковски и Игор Јанушев имаат станови во поклонетиот имот на Јанушев

Скандалот со подарокот од 325.000 евра за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии, истакна на денешната прес-конференција...

Македонија1 час

Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, место наесен, како што најави претходната влада, ќе биде готов до Нова година. Денес,...

Македонија2 часа

Состојбата со издавање лични документи се стабилизира, управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска, беше во посета на Одделот за граѓански работи, каде што одржа работен состанок...

Топ3 часа

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за шверцување разна стока

Во текот на минатата седмица царинските службеници спречија повеќе обиди за шверцување разна стока, при што привремено се задржани цигари,...

Свет4 часа

Осуммина повредени од удар на гром, три деца се во животна опасност во Германија

Осум лица се повредени во удар на гром за време на силното невреме што вчера го погоди Делменхорст во Долна...

Македонија5 часа

Собранието ќе избира заменик-министри; „Влен“: Нашите кандидати се без дамка на корупција

Собранието, денеска, ќе ја одржи 11. седница, на која треба да бидат изгласани заменик-министрите во Владата за комплетирање на владиниот...

Македонија5 часа

(Видео) Активни пожарите на Серта и Огражден: гори во Кумановско, Велешко, Штипско, Битолско, Охридско

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека околу 12:00 часот започнат е пожар во атар на с.Алгуња, Маало Голиновци. Со пожарот е...

Македонија21 час

Таравари нема да се слика со акцелераторот во „8 Септември“ пред да се пушти во употреба, како што правеа Филипче и Сали

Најмалку шест месеци ќе требаат за да биде ставен во употреба акцелераторот во ГОБ „8 Септември“  за зрачна терапија на...

Македонија22 часа

Најголема плата во Владата зема Мицкоски – 2.280 евра, а најмалата министерска плата е 1.880 евра, објавени платите на премиерот и министрите

Владата ги објави платите на претседателот на Владата и на министрите. Највисока нето-плата зема претседателот на Владата, Христијан Мицкоски –...

Македонија24 часа

Таравари: Вработувања во здравството ќе има, но покачување плати, да бидам искрен, тешко до крајот на годинава

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе преговара со синдикатите за нивните барања за нови колективни договори во здравството, но она...

Македонија1 ден

Пандов: Затвореници влегуваат и излегуваат кога сакаат, седум години не е направена контрола

По моето назначување на функцијата, од повеќе страни дојдоа до мене информации дека во затворот „Скопје“ секојдневно отсуствуваат поголем број...

Македонија1 ден

Лоши хигиенски услови во кујните, храна со поминат рок: уништени 8,7 тони небезбедна храна по спроведените вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и во Преспа

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) минатата недела (од 16 до 19 јули) спровеле вонредни заселени контроли...

Свет1 ден

„Тајм“ објави нова насловна по повлекувањето на Бајден, ѝ ја посвети на Камала

Магазинот „Тајм“ објави нова насловна страница по повлекувањето н Џо Бајден од трката за претседател на САД. Се чини дека...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и функционерите на СДСМ се шетаа со хеликоптерот, а резултат од патувањата беше блокада на Македонија на сите полиња

Додека СДСМ беше на власт, а Зоран Заев премиер тој низ Македонија се возеше со хеликоптер. Истото го правеше и...

Свет1 ден

Зеленски: Ние сме му благодарни на Бајден и ја почитуваме неговата тешка, но силна одлука

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ја почитува тешката, но силна одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден да...

Македонија1 ден

СДСМ: Скапи билети и бизнис-класи, Мицкоски и министрите душмански ги трошат народните пари

Според СДСМ, скандалот со луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри, со бизнис класи и карти од речиси 20.000 евра...

Македонија1 ден

(Видео) Седум сѐ уште активни пожари во државата, во последното деноноќие имало 29, информира ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 29 пожари во последното деноноќие, од коишто 7 се се...

Свет1 ден

Захарова: Медиумите и политичките кругови ја криеја вистината за психичката состојба на Бајден

Истрагата за заговорот на американските медиуми и политичари, кои ја криеја вистината за психичката состојба на претседателот на САД, Џо...

Свет1 ден

Трамп: Утре, расипаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека се откажа од трката

Во телефонски разговор со Си-ен-ен неколку минути откако претседателот Џо Бајден го објави своето излегување од трката во 2024 година,...