Македонија
СДСМ: Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да нема вистинска контрола над корупцијата во државата

Најкриминалната партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ, самата заглавена во корупциски скандали, го кочи изборот на нови членови на Државната комисија за спречување корупција во Собранието, велат од владејачкиот СДСМ.
Додаваат дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го условуваат носењето на Законот во Собранието со неразумни предлози, како што истакнуваат, спротивни на препораките на експертите од Европската комисија.
Целта на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е да нема силна, независна Комисија за спречување на корупцијата, односно да нема вистинска контрола над корупцијата којашто токму тие ја распространија до невидени размери, обвинуваат од владејачката партија.
„Едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ е ДКСК да нема директен увид во сметките на функционерите туку тоа да се прави преку УЈП. Овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ ја намалува независноста на ДКСК затоа што Управата за јавни приходи е институција којашто е дел од извршната власт. Не може институција дел од извршната власт подобро да ги контролира избраните функционери од независна институција како што со новите законски решенија е предвидена да биде ДКСК“, стои во партиското соопштение.
Исто така, наведуваат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ бара ДКСК да не врши контрола на финансирањето на политичките партии, што, според нив, е целосно неразумно и најдобро ги покажува намерите на оваа партија.
„Јавноста знае, токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата за чие финансиско работење, односно сомнителен начин на финансирање и отворени сомнежи за перење пари е отворен случај од страна на СЈО. Финансирањето на политичките партии мора да биде под целосна контрола на ДКСК за да нема какви било сомнежи“, велат од СДСМ.
Додаваат и дека барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не може кој било граѓанин да поднесе пријави во делот на финансирањето е уште едно барање на опозициската партија целосно спротивно со препораките на експертите од ЕК.
„Со цел да ја разводнат и ослабнат позицијата на ДКСК, ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на некаков Национален совет. Зад ова барање се крие обид за разводнување на ингеренциите на ДКСК и да се ослабе најсилната независна институција за борба против корупцијата“, сметаат од владејачката партија од каде додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да го запир процесот за избор на професионална Државна комисија за спречување на корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.