Македонија
Седум смртни случаи и 89 новозаразени со Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 39, Куманово – 10, Дебар – 1, Штип – 4, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 3, Битола – 1, Охрид – 4, Кавадарци – 3, Гостивар – 2, Струмица – 1, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Македонски Брод – 1, Пехчево – 1, Берово – 3, Валандово – 1, Делчево – 2 и двајца во Кичево.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 72, Штип – 18, Прилеп – 2, Тетово – 1, Струга – 4, Битола -8, Охрид – 1, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Гевгелија – 3, Кочани – 9, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 8, Македонски Брод – 13, Виница – 5, Делчево – 1, Свети Николе – 13, Кичево – 12, Неготино – 2 и еден од Ресен.
Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (65, 72 и 84 години), еден од Прилеп (65), еден пациент од Тетово (62), еден од Гостивар (74) и еден пациент од Кичево (58). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.004, бројката на оздравени пациенти е 10.722, на починати е 585, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 2.697. Денес се евидентира еден контролен од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 5.821, активни 847
• Куманово 1.420, активни 371
• Дебар 243, активни 78
• Штип 1.119, активни 214
• Прилеп 435, активни 92
• Тетово 1.202, активни 179
• Струга 553, активни 59
• Велес 265, активни 26
• Битола 199, активни 41
• Охрид 331, активни 30
• Кавадарци 173, активни 71
• Гостивар 761, активни 269
• Гевгелија 42, активни 21 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 59, активни 21
• Крива Паланка 39, активни 11
• Радовиш 41, активни 12
• Крушево 16, активни 0
• Кочани 138, активни 25
• Пробиштип 78, активни 19
• Демир Хисар 60, активни 17
• Македонски Брод 70, активни 20
• Пехчево 15, активни 9
• Берово 50, активни 41
• Валандово 8, активен 1
• Виница 64, активни 36
• Делчево 46, активни 40 (10 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 16, активен 1
• Свети Николе 281, активни 58
• Кичево 268, активни 75
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 13 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80, а на кислородна поддршка се 54 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 7 позитивни деца, како и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се пет лица.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 15, а во болницата во Штип – 45 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 107 лица позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Според новите податоци, бројот на активни случаи во скопските општини денеска е следен:
• Чаир – 110
• Гази Баба – 107
• Аеродром – 101
• Карпош – 86
• Центар – 90
• Кисела Вода – 96
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 65
• Шуто Оризари – 32
• Студеничани – 19
• Сарај – 28
• Арачиново – 16
• Илинден – 11
• Сопиште – 6
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 9
• Зелениково – 4
• Странец – 5
• Нераспределен – 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова, и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска ги посетија припадниците на Армијата во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес.
Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска-Давкова од страна на командантот на Командата за обука и доктрини (КОД), бригаден генерал Лулзим Нуредини, беше информирана за мисијата и задачите на командата, а потоа и непосредно се запозна со дел од нејзините капацитети, вклучително Центарот за обука и дресура на кучиња, Центарот за симулации и Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции.
Во оваа прилика претседателката Сиљановска-Давкова ги посети и новопримените професионални војници кои ја реализираат основната воена обука во оваа касарна. Честитајќи им ги новогодишните празници, Сиљановска-Давкова истакна дека е среќна што новата година и започнува помеѓу припадниците на Армијата, потенцирајќи дека, според прикажаното, големата љубов и интересот за оваа професија е она што ги натерало војниците толку брзо да се адаптираат на новата средина.
Претседателката Давкова го изрази и своето задоволство од презентираното во текот на посетата наведувајќи: „Армијата е една импресивна институција, која што има визија, која има добро определена мисија, знае што прави во сите центри, која знае каде сака да стигне и со овие млади луѓе има загарантирана иднина“, при тоа нагласи дека денешната посета е уште една потврда зошто Армијата е една од институциите кои уживаат највисок углед.
Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата, на Командата за обука и доктрини ѝ врачи едиција на книги од различни области, кои, како што истакна „ќе го потенцира критичкиот поглед кон она што се случува во светот и со тоа војниците ќе станат посилни, учени и толерантни луѓе.“ Оваа едиција на книги се наменети за збогатување и унапредување на книжевниот фонд на Централната воена библиотека во Скопје, која е составен дел од оваа команда.
Посетата традиционално заврши со заеднички ручек на претседателката Сиљановска-Давкова и генералот Лафчиски со војниците и старешините во касарната „Алексо Демниевски Бауман“.
Македонија
Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“, на ниво на државата повнимателно се вози и жртвите на годишно ниво се намалени
„Декември е месец кога може да се сумираат резултатите и да се направи една анализа за тоа што значеше имплементацијата на проектот „Сејф Сити“. Ако се спореди декември месец 2025, со декември 2024 година ќе дојдеме до еден многу значаен параметар, кој нас не прави задоволни и среќни со почетокот на функционирање на „Безбедниот град“, бидејќи во Скопје во декември месец 2024 година поради сообраќајни незгоди животот го загубиле 5 лица, а оваа година ниту едно. Примената на оваа апликација си го дава резултатот“, одговори премиерот Мицкоски на новинарско прашање за тоа дали е задоволен од аплицирањето на системот „Сејф Сити“.
Мицкоски дополни дека и вкупниот број на лица кои го загубиле животот во сообраќајни несреќи во 2024 година бил 142 лица, а изминатата година е 131 лице. Тоа според него значи и во градовите кај што нема инсталирано систем „Сејф Сити“ и на автопатите се вози повнимателно.
„Ние продолжуваме и понатаму да го подготвуваме системот. Не очекувам дека од 1 февруари брилијантно секаде ќе функционира и не се можни некаде некакви грешки и отстапувања, но тоа во процесот како ќе расте така и ние ќе растеме со него, ќе го нивелираме. Но бројките за намалување за 11 жртви помалку во 2025 и во Скопје во декември 0 наспроти пет во декември 2024, ни дава за право да бидеме задоволни“, рече Мицкоски и дополни дека Владата ќе опстои на ова и покрај антикампањата и критиките кои беа упатувани на нејзина сметка.
Македонија
Безбедна новогодишна ноќ и позитивни резултати од „Безбеден град“ – Тошковски во работна посета на полициските служби
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на првиот работен од Новата година оствари работни посети на полицискиот објект на планинскиот врв Солунска глава, Главниот оперативен штаб на полицијата и Полициската станица Центар.
Во разговорот со полициските службеници на Солунска глава беа потврдени високата професионалност и посветеноста во извршувањето на службените задачи и одржување на телекомуникациските системи на МВР во функција со основна цел гаранција на безбедноста на мирот и безбедноста на секој граѓанин во државата.
На посетата во Главниот оперативен штаб на полицијата министерот Тошковски беше запознаен со севкупните настани и активности на полицијата ги презема во одржување на безбедноста како во празничниот така и на новогодишната вечер со заклучок дека новогодишната ноќ во најголем дел помина безбедно.
„Во периодот од 14:00 часот вчера до 05:00 часот денеска изутрина регистрирани се 31 кривично делo, како и 23 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди. Приведени се вкупно 49 лица по разни основи, а најмногу во врска со нелегална трговија со дрога и нарушен јавен ред и мир. Тоа се бројки кои кажуваат дека огромното мнозинство граѓани се однесуваа одговорно и со тоа придонесоа за лична и заедничка безбедност. Од друга страна зголеменото присуство на полицијата на терен придонесе да имаме мал број на настани за нарушување на јавниот ред и мир.“, истакна министерот Тошковски.
При посетата на Полициската станица Центар, министерот Тошковски од раководството на СВР Скопје беше запознаен со конкретните активности за одржување на безбедноста на граѓаните во главниот град. Министерот Тошковски ги потенцираше позитивните ефекти на системот „Безбеден град“ кој и во тест фазата значително ги има намалено бројките на сообраќајни незгоди со жртви и тешки телесни повреди.
„Вкупниот број на сообраќајни незгоди којшто е настанат на територија на СВР Скопје во изминатиот месец споредено со месец декември 2024 е намален за околу 20% а вкупниот број на повредени лица во тој период е намален за 37% проценти. Жртви како последица на сообраќајни незгоди во декември 2024 имало пет на територија на Скопје а во декември 2025 година нема ниедна и со тоа искажувам огромна благодарност на македонските граѓани што управуваат возила на жртвите што ги имаат спасено со одговорното возење и учество во сообраќајот“, потенцираше министерот Тошковски.

