Македонија
Селмани: Правото на изразување е правило, а ограничувањето исклучок
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/znm-press.jpg)
Пресудата од Европскиот суд на правдата од Стразбур дека новинарите незаконски биле избркани од галеријата за следење на собраниски седници во декември 2012 година, е потврда дека прекршувањето на правото на слобода на изразување во Македонија не е повеќе прашање на перцепција, туку е ноторен факт утврден од релевантен европски суд, сметаат од Здружението на новинари на Македонија.
„Верувам дека институциите во Македонија ќе извлечат поука и во иднина нема да ги попречуваат новинарите во нивната работа. Тие мора да сфатат дека во демократското општество институциите имаат обврска да создаваат поповолни услови за непречена работа на новинарите“, рече Насер Селамни, претседател на ЗНМ, кој заедно со уште пет новинари тужеше во Стразбур.
Посочи дека пресудата нè соочи и со една вистина дека во Македонија нема демократски институции кои можат да ги заштитат граѓанските слободи кога тие ќе бидат прекршени од власта.
Имено, Уставниот суд во Македонија пресуди дека правото на новинарите на слобода на изразување на 24 декември 2012 година не било загрозено.
„Судот ја пропушти историската шанса да утврди едно очигледно прекршување на слободата на изразувањето. Сега е време за соочување со одговорноста. Ако малку останало човечки и професионален интегритет и кредибилитет кај уставните судии, веднаш би си поднеле оставка“, смета Селмaни.
Тој рече дека Здружението на новинарите нема да остави оваа пресуда да се заборави за една недела, туку дека ќе биде важна алатка во рацете на новинарите во идните разговори со институциите кои ќе треба да воспостават механизми да им обезбедат нормални услови за работа на новинарите.
Планира во следниот период да се разговара со сите релевантни институции околу нивниот став по ова прашање, без оглед на тоа што во Македонија во моментот нема Влада, но има избрано Собрание, а таму постојат пратенички групи кои треба да заземат став.
Инаку, на 24 декември 2012 година, на седницата за донесување Буџет, пред Собранието имаше протести на опозицијата. Носењето на Буџетот беше проследено со тензија помеѓу власта и опозицијата. Атмосферата на оваа седница кулминираше откако опозициски пратеници го опкружија претседателот на Собранието, кој му нареди на обезбедувањето да го осигури редот во законодавниот дом. Следејќи ја наредбата, обезбедувањето од собраниската сала ги отстрани опозициските пратеници, но и новинарите од собраниската галерија, вклучувајќи ги и новинарите жалители во Стразбур./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.