Контакт

Македонија

Тестирани 18 вработени во Заводот за рехабилитација – Козле, откако пациент заболи од коронавирус

Објавено пред

Се чекаат резултати од 18 тестови направени од вработените во Заводот за рехабилитација во Козле. Таму сè уште течат и анкетите, како и анализите, за да се види дали некој имал контакт со заболено лице од коронавирус или, пак, бил во странство.

Ова следува откако 69-годишен тетовец, кој е неподвижен и лежел во заводот во текот на овој месец, се заразил од коронавирус.

„Во Заводот за рехабилитација во Козле траат анкетите и анализите. Земени се материјали на уште 18 вработени. По добивањето на резултатите ќе се направи план за работа на оваа установа, постои голема веројатност од понеделник да работи само амбулантскиот дел, со соодветен распоред на здравствени работници. Но, не се готови анализите, по завршување на тестовите, ќе се направи овој план“, рече министерот, Венко Филипче.

Ќерката на на 69-годишниот жител на Тетово преку социјалните мрежи посочи дека од понеделникот молела за лекарска помош за нејзиниот татко.

Таа вели дека не се знае како се заразил нејзиниот татко, а таа добила решение за самоизолација. Според нејзините пишувања, 69-годишниот тетовчанец бил хоспитализиран во Центарот за рехабилитација во Козле поради мозочен удар.

Македонија

Филипче: Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Објавено пред

Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој кој не ги почитува мерките за заштита од него, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој кажа дека новиот бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и на задоцнетата или слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство.

Според Филипче, анализите покажуваат дека во овој момент има неколку локации низ земјата каде има брзо ширење на вирусот и кластери кои се настанати најчесто како резултат на непочитувањето на пропишаните мерки.

„Групирање на граѓаните на семејни собири и прослави, неносење на заштитна опрема, непочитување на мерките од страна на компании за превоз и организација на работата и други слични прекршувања, се главните причини за брзиот раст на новозаболени во Скопје, Кумановско-липковскиот регион, Тетово со околните општини, Штип и околината. Добро е што во целиот останат дел од земјата состојбата е стабилна со спорадични случаи. Ова е само потврда дека стратегијата дала резултат онаму каде што се почитувале мерките“, изјави министерот Филипче.

Тој кажа дека заради спречување на дополнително ширење на вирусот во критичните региони, но пред сè заради спречување евентуално ширење на вирусот надвор од овие региони, Владата донесе одлука за враќање на полицискиот час и рестрикциите на движењето.

„Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој кој не ги почитува мерките за заштита од него. И после одржани речиси 100 прес-конференции и илјадници пати повторени апели и пораки, еден дел од граѓаните се уште одбиваат да ја прифатат реалноста. Да прифатат дека одговорноста е на секој поединец. Навистина не треба да дозволиме дури откако ќе се разболиме да ја разбереме опасноста од вирусот. Ние здравствените работници, владата, институциите не можеме да направиме ништо без граѓаните. Ова што сега го кажувам не е никаква политичка флоскула. Ова е реалност, само сите заедно можеме да ја надминеме кризата, никако поинаку. Одговорно тврдам, дека сите мерки, сите одлуки и сите пораки кои ги испративме во јавноста, беа прецизни, медицински издржани и навремени“, кажа тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Објавено пред

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд поради празникот Задушница на 5 јуни и зголемениот број случаи на коронавирус.

Така, се воведува полициски час од четврток (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро во Скопје – сите скопски општини, општина Куманово, општина Липково, општина Штип, општина Тетово, како и во Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и во Јегуновце.

Во сите други градови полицискиот час ќе трае од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро. В петок, сабота и в недела полицискиот час ќе почнува од 16 часот и ќе трае до следниот ден до 5 часот наутро.

Министерот за здравство, Венко Филипче, исто така информира дека од четврток, 4 јуни, од 21 часот, до понеделник, 8 јуни, до 5 часот наутро, се забранува посета на гробишта на целата територија на државата, освен за погреби.

Аптеките ќе работат непречено за време на полицискиот час.

Остануваат да важат забраните за движење, кои биле издадени претходно, а остануваат исти и термините за шетање миленичиња, од 8 до 8.30, од 15 до 15.30 и од 20 до 20.30 часот.

Петок (5 јуни) се прогласува за неработен ден за сите граѓани.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамките на територијата на селата, исклучиво за работните потреби.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните, кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи до Хоти: Ова се добри вести што навестуваат политичка стабилност за Косово и регионот

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска телефонски разговораше со новоизбраниот премиер на Република Косово, Авдула Хоти, при што упати честитки за изборот на новата влада, соопштија од Кабинетот на Османи.

„Во овие сложени времиња на заканата од пандемијата на Ковид-19 ова се добри вести, кои навестуваат политичка стабилност не само за Косово туку и за целиот регион. Дозволете, во името на Владата на Република Северна Македонија да ви честитам на изборот со надеж дека заедно, како непосредни соседи, ќе продолжиме во изградбата на пријателски односи, во насока на исполнување на нашата заедничка цел – европската интеграција на двете земји и воопшто на целиот регион“, рекол Османи, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Над 6,5 милиони заболени во светот – бројот на излекувани го надмина бројот на заболени

Бројот на заразени од коронавирус во светот денес надмина 6,5 милиони, но речиси половина од нив, поточно 3,1 милиони луѓе,...

Македонија9 минути

Филипче: Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија2 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ5 часа

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија6 часа

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Економија7 часа

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја...

Македонија8 часа

Османи во Штип: Во компаниите ќе има ковид-координатори кои ќе го следат спроведувањето на мерките

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на главен координатор на кризните штабови за одбрана од Ковид-19, оствари...

Македонија9 часа

Четворица починати и 101 случај на новозаразени од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на Ковид-19, информираат од Минитерството за...

Свет12 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа12 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет12 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет13 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа14 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион1 ден

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет1 ден

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет1 ден

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија1 ден

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија1 ден

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија1 ден

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија1 ден

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Досие