Македонија
Силва и Вархеји слетаа во Скопје

Аугусто Сантош Силва, кој е министер за надворешни работи на Португалија – земја претседавач со Советот на Европската Унија, и комесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, слетаа во Скопје.
На скопскиот аеродром ги пречека министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според предвиденото, тие во текот на денот ќе се состанат со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, за да разговараат на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.
„МНР, Силва и #ЕУ-комесарот, Вархеи само што слетаа во Скопје, доаѓајќи во важен период за нашите евроинтеграции, носејќи со себе нов поттик на португалското претседателство. Сите треба да бидеме на висината на задачата за да ги зачуваме перспективите на заедничката ЕУ-иднина“, соопшти Османи.
Претходно, двајцата беа во Софија да го презентираат предлог-планот за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, но од бугарските власти добија порака дека Бугарија нема да ги смени позициите за Северна Македонија.
Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, ги отфрли надежите за излез од ветото, коментирајќи дека не може да се очекува промена во националната позиција на Бугарија во однос на Северна Македонија.
Вархеји се сретна и со експремиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Бугарската позиција ја потврди пред еврокомесарот и поранешната бугарска министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева.
Бугарската новинска агенција БГНЕС оцени дека европските политичари во Софија претставиле план што го враќа разговорот речиси една година наназад, односно за модификација на предлогот за кој се разговарало лани во Берлин, а таквиот предлог за Бугарија не е прифатлив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.