Македонија
Силјановска: Ако Џафери е предлог, седницата треба да ја води некој од замениците

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова на почеткот на конститутивната седница во Собранието побара доколку Талат Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.
„Процедурата е гаранција за демократија, претседавачот треба да се однесува како претседател, но со оглед на фактот што вие сте предложен за претседател, ќе треба да одредите некој од вашите заменици да ја води седницата“, му рече Силјановска на Џафери.
Воедно таа побара пратениците на време да бидат информирани за седниците за да можат на време да се подготват.
Таа во нејзиното излагање му рече на Џафери и дека раѓањето на внукот не било причина да се одложи седницата.
Претседавачот треба да води сметка за Деловникот, вели Силјановска и додава дека тој не е ексклузивен во диктирање на условите.
„Не може претседателот да ги откажува и закажува седниците кога сака. Честитки за внукот, но тоа не е причина за одложување на Собрание. Ако мекици се прават без мајките што ги раѓаат, може да поминат и без дедото“, рече Силјановска Давкова.
Претседавачот Џафери одговори дека забелешка за тоа друг да ја води седницата е во ред, но истакна дека не ја закажувал и презакажувал седницата туку само ги известил службите да бидат подготвени доколку има потреба да се закаже седница.
„Треба да си имате предвид, продолжување не било закажано. Како претседатвач дадов налог да се подготват службите. Не било закажано, па презакажано, па одложено. Процедурите се гарант, се согласувам, и затоа сакам да се придржувам максимално да се запазат“, рече Џафери.
Во моментот тече продолжението на седницата за избор на собраниски спикер на која за збор се јавија пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица. Талат Џафери е единствениот предложен кандидат за нов претседател од страна на ДУИ, а за негов изборби требало да гласаат 61 пратеник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Уште еден вознемирувачки напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија!“, напиша Ковачев

„Сериозно сум загрижен од она што се случи денес со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и бугарската амбасада во Скопјe веднаш да ѝ обезбедат правна, конзуларна и морална заштита“, напиша бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на социјалните мрежи.
„Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавно линчување врз бугарски државјани кои држат високи јавни функции и стекнале бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло – само затоа што се осмелиле да се изјаснат како Бугари.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Сличен случај неодамна беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот семеен круг на сегашниот, минатиот и претходните премиери на земјата.
Бугарската држава има должност кон своите над 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои станале такви по своја слободна волја, го докажале своето бугарско потекло со документи и со свој потпис изјавиле дека сега се чувствуваат како етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити нивните права, безбедност и човеково достоинство“, додаде Ковачев.
Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.