Македонија
Сите Македонци ќе ги искинат бугарските пасоши на првиот ден кога ќе бидеме дел од ЕУ, рече Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на прашањето дали ќе побара сите македонски државјани што имаат бугарски пасоши да се откажат од нив, рече дека тој не може да се меша во индивидуалните одлуки на граѓаните.
„Јас не можам да се мешам во одлуката на граѓанин да земе или не бугарски пасош. Јас имам информација дека луѓе од сите етнички заедници имаат земено бугарски пасош, но не да станат Бугари, туку од економска пригода, односно полесно да најдат работа во земјите во ЕУ. Јас сум убеден дека првиот ден кога ќе станеме дел од Европскaта Унија, сите граѓани ќе ги искинат бугарските пасоши“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

