Македонија
Скопските обвинители ги одлагаат рочиштата за шарената револуција
Судењата за некои од активистите што протестираа во шарената револуција – Здравко Савески, Мариглен Демири и Владимир Куновски, никако да добијат разрешница иако предметите се од 2016 година. Повеќето од судските рочишта досега се одложени.
Една од причините за одлагањата на рочиштата се обвинителите од скопското Јавно обвинителство, кои или бараат одлагање на судењата или воопшто не се појавуваат, тврдат обвинетите. Предметот за Савески го застапува обвинителката Снежана Бундалевска Георгиевска, а другот обвинителката Наташа Сарамандова. Во судскиот процес за Савески и Куновски на едно рочиште не се појавила, а другото го одложила.
Од Јавното обвинителство за „Макфакс“ одговорија дека обвинителите биле презафатени и дека секое нивно отсуство на судењата било оправдано. „Надлежните јавни обвинители во предметите за кои покажувате интерес паралелно работат и на тековни истраги и на други итни притворски предмети. Оттука, секое нивно отсуство е оправдано пред надлежен суд и поврзано со обврски за итно постапување во други предмети.
Станува збор за предмети што се судат по скратена постапка, а приоритет имаат притворските предмети. Судењето за Здравко Савески и Владимир Куновски сега го води судијката Оља Ристова, која отворила расправа, а судењето за Мариглен Демири го суди Славица Андреевска, која донесе пресуда за обидот за убиство на Зијадин Села. По судската ферија, во кривичниот суд за овие предмети закажани се рочишта на 14 и 28 септември.
Од обвинението за учеството во шарената револуција и фрлањето боја врз фасадата на Министерството за култура куртули пратеникот Павле Богоевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

