Македонија
Следниот викенд почнува зимското сметање на времето

Ноќта сабота кон недела (26-ти и 27-ми октомври) часовниците треба да се вратат за еден час наназад. Поточно, во 3 часот после полноќ, се поместуваат на 2 часот, со што започнува зимското сметање на времето.
Промената на времето во западна Европа е воведено во 1970 година, поради заштеда на електрична енергија, зголемена продуктивност и поефикасен работен ден. Сепак, поновите истражувања и анализи покажале дека промената на времето носи негативни последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот.
Европскиот парламент во март годинава изгласа одлука за укинување на летно и зимско сметање на вемето, која ќе важи од 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Браќа од Сарај заболени од Ковид-19, фатени со лажни ПЦР тестотви на скопскиот аеродром

Скопското oсновно јавно обвинителство поднесе предлог за парични казни против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26 години, заради кривични дела – непостапување според здравствените прописи и фалсификување исправа.
Иако со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од 5 април на двајцата обвинети им била определена задолжителна изолација и лекување во домашни услови како заболени од Ковид-19, тие на 7 април со лет од скопскиот аеродром се обиделе да ја напуштат државата.
Притоа, пред службените лица на аеродромот прикажале лажни потврди за негативен ПЦР тест за коронавирус, наводно изработен од лабораторија во Скопје, на истиот ден кога всушност добиле позитивен резултат.
Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд Скопје секое од сторените кривични дела да го санкционира со парична казна од по 50 дневни глоби во вредност од по 40 евра, односно на двајцата сторители да им изрече единствени парични казни од по 90 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 40 евра (вкупно 3.600 евра) во денарска противвредност.
Македонија
Жителите на Ново Маало ангажираат правен тим за да ја осигураат изградбата на комплексот кај „Холидеј ин“

Откако вчера поднесоа петиција до Владата и Општина Центар со која бараат во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот за комплексот спроти „Холидеј ин“, жителите на Ново Маало најавуват мобилизација на правен тим во одбрана на, како што велат, нивните ставови.
„Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати“, се наведува во нивното соопштение.
Жителите се децидни дека правото на сопственост како уставно загарантирано право на сопственикот му дава права имотот да го држи, целосно да го користи и да располага со него по своја волја.
„Уште еднаш укажуваме дека суспензијата ќе ни ги загрози правата кои ги наведуваме и заради тоа ќе поднесеме колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината“, посочуваат засегнатите жители и порачуваат дека до добивање конечен одговор по нивните тужби, ќе ги блокираат сите улици кои ја оградуваат парцелата.
Македонија
Димитров ја почнува балтичката турнеја

Вицепремиерот за економски прашања Никола Димитров денеска во Латвија ја почнува балтичката турнеја.
Во рамки на денешната посета на Латвија, Димитров ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Едгарс Ринкевичс, со претставници на латвискиот парламент – Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи, и Анда Вита Терауда, претседателка на Комитетот за европски прашања.
„На средбите Димитров ќе ја пренесе пораката за неодложната потреба од усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ, како прашање од стратешки интерес за регионот и за Европа. За таа цел, ќе ги претстави и конкретните реформски чекори за исполнување на европската агенда дома“, соопштија од кабинетот на Димитров.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?