Македонија
Случајот „Империја“ поврзан со Цветан Панделески е класичен пример за недозволена правна конструкција, велат адвокатите на бизнисменот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/03/imperija-4.jpg)
Адвокатскиот тим на одбраната на Цветан Панделески на денешното судење истакна дека станува збор за класичен пример за недозволена правна конструкција.
Целиот обвинителен акт, како што велат, има три нелогични и проблематични точки:
„Прво, рокот од 18 месеци за спроведување на истрага на СЈО е прекршен со овој обвинителен акт. Тој рок е обврзувачки со одлуката на Врховниот суд од 30.1.2019, каде што јасно е наведено дека преземањето предмети на ОЈО од СЈО се однесуваат само на оние за кои СЈО било овластен тужител, а овој случај е надвор од тој рок.
Втор проблематичен факт е дека нема поднесено обвинение во согласност со член 303 од ЗКП. Членот пропишува дека во рок од 30 дена од завршената постапка треба да се поднесе обвинителен акт. За Цветан Панделески добиена е информација дека е завршена истражна постапка на 26.4.2022, а обвинението е поднесено 8 месеци подоцна.
Трето, прекршен е уште еднаш ЗКП, каде што се предвидува дека за дела од организиран криминал максималната истражна постапка треба да се спроведе во рок од 21 месец од наредбата за истрага. За Цветан Панделески почната е истрага на 8.11.2018. По закон таа постапка истекла на 8.8.2020. Односно, обвинение требало да има до тој датум, а не тоа да се поднесе дури една и пол година по овој рок.
Доколку се прочита обвинението и самиот диспозитив за однос на злоупотреба на службената положба и овластувањето, нема ниту еден опис за противправно дејство на Панделески. Односно, Панделески се обвинува како неизвршен член на одборот на директори за одлука донесена од сосем друг орган – Собранието на акционери, каде што ниту учествувал ниту гласал“, велат од адвокатскиот тим на одбраната.
Од таму додаваат дека за наводното обвинение за измама во диспозитивот исто така нема противправно дејство на Панделески.
„Таму има сè за сите други лица, но не и за Панделески. Во огромното образложение Панделески се споменува само еднаш дека со негови средствата се купувале акции во ‘Фершпед’. Поставуваме прашање: Од кога купувањето акции е кривично дело во Македонија?
Згора на тоа, ЈО на добивањето средства од продажбата и исплата на дивиденда ги квалификувале како кривично дело. Станува збор за редовно финансиско работење, односно трансакции извршени легално преку сметки преку платен промет и нема ништо незаконско“, наведуваат адвокатите.
Поради тоа, како што велат, ова е класичен пример за недозволена правна конструкција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.