Македонија
Советот на Општина Гевгелија бара разрешување на директорката на градинката поради инцидентот со 10-месечното дете
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/gradinka.jpg)
Советот на Општина Гевгелија на седницата одржана во саботата донесе заклучок со препораки до Министерството за труд и социјална политика во врска со случувањата за немилиот настан, кој се случи минатата недела врз 10-месечно дете во детската градинка „Детска радост“ во Гевгелија.
На седницата е констатирано дека во градинката „Детска радост“ во Гевгелија во континуитет се случуваат инциденти, а никој досега не презел одговорност. Исто така, извештајот од Инспекторатот при МТСП е неприфатлив во ваква форма за советниците.
Советот на Општина Гевгелија заедно со градоначалникот реши да испрати препораки до МТСП, со цел ставање крај на хаосот во оваа институција.
Со одлука на Советот на Општина Гевгелија, кој е основач на детската градинка „Детска радост“, до Министерството за труд и социјална политика испратен е заклучок со следните препораки:
1. Министерството за труд и социјална политика да ја разреши директорката на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија од функцијата директор поради нестручно и несовесно работење. Таа се обиде да го прикрие инцидентот наместо веднаш да ги суспендира одговорните за инцидентот на 22.11.2022 година;
2. Министерот за труд и социјална политика да им ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија и на градоначалникот на општина Гевгелија во делот за донесување годишна завршна сметка на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија, одземени со решение бр.16-3102/1 од 7.4.2022 година;
3. Министерот за труд и социјална политика да му ја врати надлежноста на градоначалникот на општина Гевгелија во делот за избор на кандидат предложен од Управниот одбор за директор на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија, одземени со решение ИП1 16-4733/3 од 27.6.2022 година;
4. Министерот за труд и социјална политика да му ја врати надлежноста на Советот на Општина Гевгелија во делот за именување и разрешување претставници од родители на деца згрижени во ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија, одземени со решение ИП1 16-559/3 од 1.11.2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.