Контакт

Македонија

Сончево време, викендов со натпросечни температури

Објавено пред

Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во раните утрински и претпладневни часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 22 степена.

Во Скопје наутро со појава на магла, која во текот на денот ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури, што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран в понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и в среда.

Македонија

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Објавено пред

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во Кривичниот суд во Скопје, каде треба да биде соопштена пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. Од домот на Водно каде издржува куќен притвор, тој беше донесен со полициско комбе. Придружуван беше од десетина полицајци, кои го следеа комбето со три возила.

Мијалков молчешкум помина покрај новинарите, без да одговори дали очекува осудителна пресуда. Когa влезе во холот на судот, се поздрави со судската полиција, а во холот каде стоеа бројни новинари и јавност која ќе го слефи судењето, настана молк.

Прикажи повеќе...

Македонија

Засилено полициско обезбедување околу кривичниот суд, се чека пресуда за „Таргет-Тврдина“

Објавено пред

Десетици полицајци се распоредени околу кривичниот суд, непосредно пред спроводот на обвинетиот Сашо Мијалков од куќен притвор. Речиси сите полицајци го обезбедуваат просторот позади судот, на улицата од каде поминуваат возилата со кои Мијалков ќе биде донесен. Освен униформирани полицајци, има и цивили. На Мијалков и на останатите 11 осомничени ќе треба да им биде изречена пресуда за предметот „Таргет-Тврдина”, поврзан со масовното нелегално прислушување.

Мијалков два дена беше недостапен за полицијата, која во неделата го бараше да му врачи решение за куќен притвор поради опасност од бегство издадено од кривичниот суд. Мерката беше побарана од Обвинителството, откако обвинителката Вилма Русковска доби информации дека тој ќе се даде во бегство. По него беше распишана меѓународна потерница. Во вторникот, Мијалков сам се појави пред Обвинителството, објаснувајќи дека имал висока температура па се изолирал поради сомневање дека е заразен од коронавирус. Никој не објасни каде се изолирал Мијалков. Обвинителката Русковска кажа дека не му верува на објаснувањето кое го даде и неговиот адвокат Петар Василев.

Судот по три години судење, ќе изрече пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“, поврзан со масовното нелегално прислушкување од 2008 до 2015 година. Обвинети во процесот се ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков поради прислушувањето и уништувањето на системите, ексминистерката Гордана Јанкуловска за уништувањето на системите, началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој учествувал во прислушувањето, и службеници во УБК. За уништувањето на опремата за да се прикрие дека УБК прислушувало му се суди и на Тони Јакимовски, шеф во кабинетот на Мијалков во УБК.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сончево и топло со температура до 22 степени

Објавено пред

Времето денеска ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје ќе биде сончево и топло. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Мијалков со силно полициско обезбедување пристигна во судот

Сашо Мијалков со засилено полициско обезбедување е спроведен во Кривичниот суд во Скопје, каде треба да биде соопштена пресудата за...

Свет24 минути

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е...

Македонија48 минути

Засилено полициско обезбедување околу кривичниот суд, се чека пресуда за „Таргет-Тврдина“

Десетици полицајци се распоредени околу кривичниот суд, непосредно пред спроводот на обвинетиот Сашо Мијалков од куќен притвор. Речиси сите полицајци...

Свет1 час

Бразил не знае што да прави со мутациите, калифорнискиот вид е најопасен

Бразил се соочува со нова фаза на пандемијата со мутирани варијанти на Ковид-19, три пати позаразни, рече министерот за здравство....

Свет2 часа

Воздушни напади во Сирија по наредба на Бајден

Американската армија изврши воздушни напади во источна Сирија по наредба на претседателот eо Бајден врз објекти за кои Пентагон вели...

Македонија2 часа

Затворени повеќе улици во Скопје поради протест за „Монструм“

Во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“. Роднини на осудените, во вторникот,...

Свет13 часа

Меркел најави дигитални сертификати за вакцинација во ЕУ

Германската канцеларка, Ангела Меркел, вели дека дигиталните сертификати за вакцинација, кои ќе им овозможат на луѓето да патуваат во Европа...

Македонија16 часа

Потврдени 582 нови случаја на коронавирус во Македонија, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.972 тестирања, а регистрирани се 582 нови случаи на...

Македонија17 часа

(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем,...

Македонија18 часа

Тројца кумановци формирале терористичка група по примерот на Исламската држава

Тројца кумановци се обвинети за тероризам и формирање ќелија по примерот на познатата терористичка организација Исламска држава. Во терористичката група...

Македонија23 часа

Денеска и утре состаноци на мешовитата комисија со Бугарија, ќе се разговара за Гоце Делчев

Учебниците за седмо одделение и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се очекува да бидат ставени „на маса“...

Македонија23 часа

Почната постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вчера Владата го овластила да потпише договор за набавка на руската вакцина. „Станува...

Македонија23 часа

Со британскиот вид се заразени 70 проценти од тестираните во „Жан Митрев“

Британскиот вид на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите, покажале испитувањата на Клиничката болница „Жан Митрев’, кои денеска...

Македонија24 часа

Захариева: Нема да подлегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи,...

Европа24 часа

ЕУ е поделена околу сертификатот за вакцинација

Европските лидери денес ќе одржат состанок со цел да се договорат за сертификатите за граѓаните на Европската Унија кои биле...

Регион1 ден

Бугарија ја критикувa „Астразенека“ за доцнењето со вакцините: „Ни ја зедовте надежта“

Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, ја критикуваше „Астразенека“ за неуспехот да ја испочитува договорената испорака на вакцини. Бугарија исто...

Европа2 дена

Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа...

Македонија2 дена

13 починати и 725 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на...

Македонија2 дена

Филипче: Немам информации дали Мијалков се тестирал и дали пријавил самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче, нема информации за тоа дали поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков се тестирал за...

Топ2 дена

(Видео) Вработени во фабрика за канабис во Кочанско ја продавале дрогата нелегално

Тројца вработени во фабриката за канабис за медицински цели во кочанското село Уларци одгледувале марихуана за продажба на нелегалниот пазар....

Досие