Македонија
Сончево со умерена облачност

Сончево со умерена облачност. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Особено поинтензивни процеси се очекуваат во текот на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд(над 20л/м2). Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен(над 60км/час) јужен ветер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски го посети семејството на починатиот возач од Брзата помош кој цела ноќ спасуваше деца

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети сопругата и семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош кој трагично почина по помошта што ја пружи на повредените во трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Мицкоски изрази почит и благодарност за храброста и пожртвуваноста на Иле, кој цела ноќ се посветил на помагање на повредените, оставувајќи траен пример за хуманост.
Во својот Фејсбук статус, премиерот нагласи дека во време на национална тага, храброста и човечноста на луѓето како Иле Гоцевски служат како инспирација и потсетник дека вистинските херои не носат оклопи, туку имаат срце исполнето со љубов и пожртвуваност.
„Иле замина тивко, но зад себе остави пример кој нема да го заборавиме. Мојата почит и поклон за него. Почит и до сите што несебично им служат на граѓаните. Вечна ти слава, Иле,“ напиша Мицкоски.
Македонија
Муцунски најави дека идната недела ќе се вратат дома дел од тешко повредените пациенти кои се лекуваат во странство

Идната недела ќе почне враќање во земјава на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се во добра здравствена состојба за да се вратат, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција.
Во МНРНТ денеска ќе се одржи координативен состанок за следни чекори и мерки за соодветна организација за очекуваното враќање на сите оздравени пациенти или за продолжување на нивното лекување во земјава.
-Најавите што ги имаме се дека во тек на следната недела ќе почнат да се враќаат првите пациенти, тие најави ги добиваме во директна комуникација каде што се сместени и кои ќе бидат во доволно добра здравствена состојба за да може да се враќаат назад, рече Муцунски на прес-конференцијата.
Информираше дека вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот на концертот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски држави. Трошоците за нивното лекување се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој во странство е на нашата Влада.
Муцунски, кој на прес-конференцијата истакна дека сите „поминуваме исклучително тежок период и силен психолошки притисок“ им се заблагодари на сите земји кои ги примиле повредените и за нивната солидарност, како и на пожртвуваноста на нашите медицински екипи на кои рече е многу горд.
Соопшти дека од 116-те хоспитализирани во странство, 38 се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се пратени преку директна билатерална помош.
Во најкус можен рок и по највисоки медицински стандарди, како што рече, биле транспортирани во болниците во странство, благодарение на организираноста и комуникацијата на Кризниот штаб во МНРНТ и дипломатско-конзуларните претставништва во земјите каде што се лекуваат.
Македонија
Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер од над 60 километри на час.
УХМР денеска најави дека поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд од над 20 литри на метар квадратен за 24 часа.
Во Скопје, од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а дневните од 12 до 19 степени.