Македонија
Состојбата на Кико е влошена, ни со медицински авион не може во Турција – итно е потребно да се соберат парите преку донации
Здравствената состојба на Кристијан Коцев-Кико од карбинското село Долни Балван е влошена, додека се уште трае собирањето на донации за да биде испратен на лекување во Турција. Хуманитарната акција ја започна јутуберот Стефан Лазаров, кој денеска објави дека се појавил и нов проблем – докторите одбиваат да потпишат трансфер за момчето со медицински авион, бидејќи, сметаат дека нема да го издржи патот.

„Ниту еден доктор не се нафаќа да потпише да потпише документ за Кико да може да оди дури и со медицински авион за Турција, бидејќи нема да го издржи патот. За Кико да може да го издржи патот мора да биде подобар колку-толку до понеделник, за во вторник да патува. Во болницата во Штип тоа нема да се случи никогаш затоа што нема ниту лекови, ниту услови за него во овој момент“, напиша Лазаров.
Тој додава дека е побарано момчето да се лекува во приватна клиника за да му се подобри состојбата. Оттаму, според неговото кажување, чекаат одговор.
За негово лекување во Истанбул во Турција потребни се 50.000 евра. Трошоците се зголемуваат поради влошувањето на состојбата односно специфичниот трансфер.
Броеви за донации:
A1 – 143 471
Телеком – 143 130
Трансакциска сметка: 200004087594930 – СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје, на име Катерина Коцева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

