Контакт

Македонија

Сочувство од ЕУ за автобуската несреќа

Објавено пред

Првите луѓе на Европската Унија изразија сочувство по повод несреќата на македонскиот автобус во Бугарија, во која загинаа 46 лица.

Изразувам длабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите во трагичната автобуска несреќа што се случи во текот на ноќта во Бугарија. Ова на „Твитер“ го напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„И јас им посакувам брзо закрепнување на повредените. Во овие страшни времиња Европа ја изразува својата солидарност со вас“, напиша шефицата на ЕК.

„Дознаваме дека најмалку 45 лица, од кои дванаесет деца, загинаа во ужасната автобуска несреќа во Бугарија ноќеска. Изразуваме искрено сочувство и им посакуваме сила на нивните семејства и пријатели. Нашите мисли се со Бугарија и Северна Македонија на овој трагичен ден“, објави претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, порача дека ЕУ е подготвена да испрати помош.

„Нашите мисли се со жртвите на ужасната несреќа во Бугарија, нивните семејства и сите работници во првите редови“, напиша Мишел на „Твитер“.

Мисијата на Северна Македонија при ЕУ и македонската амбасада во Белгија го спуштија знамето на половина копје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Економија3 секунди

(Видео) Филипче: Македонија е на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Македонија е на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот бруто-домашен производ (БДП) по жител, а проценката на Меѓународниот...

Македонија45 минути

Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминале во ЗНАМ

Повеќе од 30 членови на Општинската организација на СДСМ во Ѓорче Петров ја напуштиле партијата и преминале во Движењето ЗНАМ...

Црна хроника46 минути

Украдeн паричник од патничка во автобус на ЈСП во Скопје

61-годишна скопјанка пријавила дека ѝ бил украден паричникот со пари и лични документи додека се возела во автобус на ЈСП...

Свет1 час

Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала...

Македонија1 час

Серафимовски: Традиционалната храна им дава пазарна предност на домашните производители

Земјоделските семејства што од сопствениот род создаваат храна со препознатливо и традиционално локално потекло можат да остварат поголем приход и...

Свет1 час

Речиси пет години по инвазијата врз Украина, Путин повторно бара НАТО да се врати на границите од 1997 година

Русија повторно бара повлекување на силите на НАТО на позициите што ги имале во 1997 година, пред проширувањето на Алијансата...

Црна хроника2 часа

Уапсен 53-годишник од Желино, се обидел да прегази шумски полицаец додека бегал со дрва

Педесет и тригодишен жител на тетовското село Желино е приведен откако, според полицијата, со автомобил натоварен со огревни дрва не...

Свет2 часа

Туск иронично му порача на Орбан дека е импресиониран од неговата „креативност“ по пронаоѓањето речиси 20 милиони долари закопани во шуми и скриени во тајни сефови во Унгарија

Полскиот премиер Доналд Туск иронично го коментираше пронаоѓањето речиси 20 милиони долари во готовина во шуми, земјоделски објекти и други...

Свет2 часа

Гутереш: Најбогатите 10 отсто од светската популација поседуваат 75 отсто од целокупното богатство

Се зголемува поддршката за формирање меѓународен панел за нееднаквост, независно тело по примерот на Меѓувладиниот панел за климатски промени, кое...