Македонија
Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри
Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол, со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија на Ковид-19.
Oдлуката е донесена имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичниците, информираат од Владата.
Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на протоколот за безбедносни мерки против Ковид-19 за ски-центрите во земјата, за измени во однос на обезбедувањето редарска служба пред билетарниците и ски-лифтовите, задолжително обезбедување физичко растојание од 1,5 до 2 метра и пред билетарниците (како пред жичниците и ски-лифтовите), ограничување на работата на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски општини без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од с. Студеничани. (Општина Студеничани)
· од 09:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Ринхини и Езерци во нас. Влае. (Општина Карпош)
· од 10:00 – 12:00 часот, корисниците од ул. Пелистерска бр. 2, во нас. Карпош 3. (Општина Карпош)
· од 13:00 – 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Миле Поп Јорданов, (објектите во околината на Градинката Пролет). (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и топло време преку ден, попладне краткотројно невреме
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени, јавува УХМР.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Уапсен врховен судија поради сомненија за примање поткуп
Врховниот судија Наке Георгиев е уапсен поради сомнеж за примање поткуп.
„Денеска 20 мај, лишен од слобода е судија од Врховниот суд поради сомневања за сторено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат натамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, велат од МВР.
Засега не е позната локацијата каде што е приведен судијата, ниту пак, за колкава сума станува збор.