Македонија
Спасовски од Карбинци: Пречистителна станица за вода за пиење ќе го реши долгогодишниот проблем со снабдувањето на повеќе населени места

Со приклучување на општина Карбинци на хидросистемот „Злетовица“ трајно ќе се обезбеди решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, особено во летниот период, истакна техничкиот премиер, Оливер Спасовски, кој присуствуваше на поставување камен-темелник на пречистителната станица за вода за пиење во општина Карбинци.
„Кога ќе биде готова пречистителната станица, ќе се означи крајот на еден долг период на снабдување на населението со вода за пиење преку локални бунари и жителите на оваа општина ќе имаат редовно квалитетна и чиста вода за пиење. Изградбата на оваа пречистителна станица ќе овозможи водоснабдување на повеќе населени места од овој регион“, истакна претседателот на Владата, Спасовски.
Тој посочи дека средствата за реализација на проектот за пречистителна станица во Карбинци, во вкупен износ од 105,3 милиони денари, се обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Со оваа филтер-станица, како и со изградбата на филтер-станиците за општина Штип и за општина Лозово, ќе се заокружи првата фаза од повеќенаменскиот систем ‘Злетовица’, проектиран за снабдување со вода за пиење на 150.000 жители од Штип, Свети Николе, Пробиштип, Карбинци и од Лозово“, потенцира премиерот Спасовски.
Воедно, тој посочи дека во тек е и подготовката на втората и третата фаза од хидросистемот „Злетовица“. Втората фаза опфаќа изградба на систем за наводнување на речиси 4.000 хектари земјоделско земјиште, а со третата фаза е предвидена изградба на 6 хидроцентрали. Со ова ќе се заокружи повеќенаменскиот систем „Злетовица“, кој ќе биде целосно функционален и рентабилен.
„Обезбедувањето квалитетни услови за живеење, меѓу кои најважно е обезбедувањето чиста вода за пиење во секоја општина, е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија има јасна цел и ја спроведува континуирано реализацијата на ваквите капитални проекти во соработка со општините. Тие се од огромна важност за унапредување на здравјето на граѓаните за подобрување на квалитетот на животот и животната средина на граѓаните, но и за развој на земјоделството бидејќи без вода нема модерно и квалитетно земјоделско производство“, истакна премиерот Спасовски на крајот од својата изјава.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски, објасни дека оваа пречистителна станица е дел од повеќенаменски проект, хидросистемот „Злетовица“, и дека со приклучување на општина Карбинци трајно се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, особено во летниот период, бидејќи досега населението од оваа општина досега со воза за пиење се снабдуваше преку локални бунари.
„Објектот е лоциран во месноста наречена Висок Рид во општина Карбинци, односно помеѓу населбите Карбинци, Козјак и Радање. Со изградбата ќе се овозможи непречено снабдување со вода за пиење во населените места Карбинци, Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање, во кои живеат околу 3.000 жители или 75 отсто од вкупниот број жители на општина Карбинци“, објасни министерот Димковски.
Министерот Димковски истакна дека ова е проект од 105,3 милиони евра, пари обезбедени преку буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Обезбедувањето квалитетни услови за живеење, меѓу кои најважно е обезбедувањето чиста вода за пиење во секоја општина, е врвен приоритет на Владата на Република Северна Македонија. Токму повеќенаменскиот проект ‘Злетовица’, на кој интензивно работиме, ќе ја подобри лошата состојба со водоснабдување во североисточниот дел на државата, но со дел од фазите на кои се работи, ќе овозможи и зголемување на наводнуваните земјоделски површини“, потенцира министерот Димковски.
Градоначалникот на општина Карбинци, Јордан Насев, објасни дека рокот за изградба на пречистителната станица е до крајот на 2020 година.
„За да се стави во функција овој капитален објект, потребно е да се изградат: распределителни цевководи за дистрибуција на пречистената вода од излезниот базен до постојните резервоари за водоснабдување на населените места Карбинци, Козјак, Аргулица, Црвулево, Таринци, Долни Балван, Нов Караорман и Радање во должина од 17,8 километри и вредност на работите приближно 44 милиони денари и пристапен пат до должина од 2,3 километра за кои веќе Општината располага со проектна документација“, објасни градоначалникот Јордан Насев.
Градоначалникот Насев потенцира дека еднакво е важно што и самата технологија на пречистување – ултрафилтрација, како и влезната цена на водата од хидросистемот „Злетовица“, даваат можност за намалување на цената на водата за корисниците, со што ќе влијае поволно и на економската состојба на домаќинствата, корисници на оваа пречистителна станица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДУИ: „Влен“ покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив

„Процесот на вработувања во државните институции се одвива селективно и дискриминаторски, при што Албанците остануваат целосно непретставени. Секојдневно, нивното исклучување станува редовна пракса на оваа Влада“, велат од ДУИ.
„Наместо да се зајакне правичната застапеност, Владата предлага замена на постојниот законски механизам (балансерот) со нефункционална комисија која еднаш годишно ќе подготвува „анализи“. Таквиот модел не гарантира ниту застапеност, ниту фер примена на законот, ниту основна еднаквост.
Дури и овој навредлив предлог-закон не се испраќа во Собранието, што укажува на понижувањето и недостаток на капацитет од страна на остатоците на ВЛЕН.
„Влен“ досега покажа елементарно непознавање на законодавната процедура, додека ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да се потсмеваат со нив ангажирајќи ја Каракамишева да изготви навредлив закон, кој потоа и самите не се осмелуваат да го достават до Собранието.
ДУИ бара од надлежните институции и од меѓународниот фактор внимателно да ја следат оваа ситуација и да реагираат на назадувањето на правичната застапеност на Албанците во јавните институции“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
Муцунски од Мала Преспа: Преку конкретни проекти ќе продолжиме да ја јакнеме врската со дијаспората

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и министерот за култура, Зоран Љутков, вчера ја посетија Мала Преспа и општина Пустец – домот на македонското малцинство во Албанија. Во рамки на посетата, министрите остварија топли и конструктивни средби со локалното население и присуствуваа на свеченото отворање на фестивалот „Македонско културно лето“, каде настап имаше Велешкиот театар.
„Мала Преспа и Пустец се жив доказ дека етничката и културната разноликост не разделува, туку обединува. Благодарение на официјалниот статус на македонскиот јазик, двојазичното образование, активната дипломатска и прекугранична поддршка од нашата Влада – заедно со посветеноста и ангажманот на локалното население – македонската заедница во Албанија успева да ја зачува својата уникатност, да ја негува врската со матичната земја и да гради мостови на пријателство меѓу двете држави“, истакна министерот Муцунски во својата објава на социјалните мрежи.
На средбите со Македонците од Албанија, министерот ги сослуша нивните предизвици и се обврза дека поддршката од државата нема да остане само на декларативно ниво.
„Преку конкретни проекти и активности, ќе продолжиме да ги јакнеме врските на дијаспората со татковината. Само така ќе ја чуваме и пренесуваме македонската историја, култура и традиција во овој значаен дел од Балканот“, порача Муцунски.
Министерот упати искрена благодарност за поканата и срдечниот пречек и истакна дека секогаш со задоволство ќе се враќа во Пустец – помеѓу Македонците во Албанија.
Македонија
Герасимовски: Во мојот мандат Центар доби целосна поддршка за урбаната велосипедска култура

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на средбата со жителите од строгиот центар разговараше за најгорливите урбани предизвици: сообраќајниот метеж, загадениот воздух и потребата од алтернативен превоз.
„Она што секојдневно го отежнува животот во Центар е хаосот во сообраќајот. Затоа вложуваме во решенија за почист воздух и подобар квалитет на живеење“, истакна Герасимовски.
Тој потсети дека Центар е првата општина што воведе субвенции за алтернативен превоз, велосипеди, електрични велосипеди и тротинети, мерка што се надградува од година во година:
„Во мојот мандат воведовме и субвенции за дополнителна опрема, за што интересот постојано расте. Само годинава, од предвидените 600.000 денари за велосипеди, веќе се субвенционирани 197 граѓани”, рече Герасимовски, посочувајки дека во последните три години се дадени субвенции за над 500 велосипеди.
„Жителите на Центар заслужуваат модерен и одржлив град. Затоа продолжуваме со инвестиции во алтернативен превоз, почиста животна средина и поздрав начин на урбано живеење“, порача Герасимовски.