Македонија
Средба на Јавното обвинителство и ДКСК: договорена интензивна соработка во следењето на претстојниот изборен процес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/Screenshot-2024-03-13-163503.jpg)
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски заедно со неколкумина јавни обвинители денеска оствари средба со претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на која беа разгледани можностите за подобрување на соработката меѓу двете институции.
Притоа, претставниците на Јавното обвинителство и на ДКСК се договорија да го разгледаат и да дадат конкретни предлози за подобрување на Меморандумот за соработка меѓу двете институции, да одржуваат почести состаноци и интензивно да се координираат при постапувањето по предметите со цел да се избегне удвојување и нарушување на тајноста на постапките и пресумпцијата на невиност.
Од заеднички интерес е да соработуваме и да комуницираме, се согласија Јавниот обвинител Коцевски и претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, кои договорија и интензивна соработка во следењето на претстојниот изборен процес, во согласност со надлежностите на обвинителствата и на комисијата. Тие заеднички дискутираа и за ефектите од последните измени на Кривичниот законик во тековното работење на двете институции.
Во периодот од 2019 година се до февруари 2024 година, до обвинителствата се доставени вкупно 58 иницијативи од ДКСК. Притоа, еден дел од нив се уште се во работа, бидејќи повеќето од овие иницијативи се поднесени во последните 2 години – 12 се поднесени во 2022 година, 29 или половина од вкупно поднесените се од минатата 2023 година и 2 се од почетокот на годинава. Сите постари иницијативи, освен една, се веќе решени, а по поголем дел од поновите се постапува и се преземаат дејствија. Врз основа на овие иницијативи, во 2021 година е оформен предмет во ОЈО Тетово во кој има пресуда против градоначалник на општина Боговиње за член 353 од Кривичниот законик. Во мај 2023 година, ОЈО Битола поднело обвинителен предлог против едно лице врз основа на иницијатива од ДКСК поднесена во 2022 година за кривично дело од член 353-в став 1, а предметот е во фаза на судење. Исто така, ОЈОГОКК неодамна поднесе обвинителен предлог поврзано со иницијатива од ДКСК во предмет кој ќе го застапува ОЈО Струга, информираа од обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.