Контакт

Македонија

Стефанова: Неизвесно е дали истите обвинители и натаму ќе ги водат предметите од СЈО

Објавено пред

Во моментов се одвива примопредавање на предметите од Специјалното јавно обвинителство до ЈО, информираше обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова.

Во однос на тоа дали истите обвинители ќе ги водат предметите или на нивно место ќе бидат поставени нови, Стефанова изјави дека за тоа сè уште не се знае односно дека дополнително ќе одлучат од Јавното обвинителство.

Утрово, во просториите на Специјалното јавно обвинителство почна средба со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески каде се договараат деталите како ќе се преземат предметите што ги води СЈО.

Во текот на вчерашниот ден преку допис СЈО потврди дека е подготвено веднаш да ги предаде сите предмети, списи и докази до Јавното обвинителство.

Во тоа соопштение не беше наведено дали во ЈО ќе бидат предадени и аудиоснимките, односно прислушуваните материјали, бидејќи тие засега се во надлежност единствено на СЈО.

Македонија

Се реконструира улицата „Tодор Чангов 41“ во Аеродром

Објавено пред

Почна санирањето на улицата „Тодор Чангов 41“ во Општина Аеродром во должина од 450 метри. Станува збор за реконструкција на дел од оваа улица на која се поставува тампон во ширина од 6 метри и асфалт од 5 метри. Во наредниот период ќе се реконструираат и другите делови од улицата „Тодор Чангов“.

Општина Аеродром го продолжува континуитетот на реконструкција, санација и рехабилитација на улици на целата територија. Интензивно инвестираме во изградба на нова, како и подобрување на веќе постојната патна инфраструктура во сите делови на општината.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна изградбата на првиот Музеј на ретки минерали во Пробиштип

Објавено пред

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и градоначалникот на општина Пробиштип, Драган Анастасов, во Пробиштип го означија почетокот на изградбата на првиот научен Музеј на ретки минерали во земјата.

Вкупната вредност на проектот е 9.2 милиони денари. Над 60 насто, или 5,6 милиони денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Програмата за рамномерен регионален развој, а другите средства во износ од 3,6 милиони денари ги обезбеди општина Пробиштип.

„Изградбата на Музеј на ретки минерали во Пробиштип е најдобар начин природното богатство и традицијата да се стават во функција на развојот на регионот. Приоритет на Владата е развојот. Овој проект ќе започне да се гради по цели 6 години. Градиме со план, за да го интензивираме развојот и на општина Пробиштип и на Источниот плански регион, во кој што годинава само со средства од буџетот на Министерството за локална самоуправа се финансираат 14 проекти за развој на регионот, на селата и на специфичните подрачја, во вкупна вредност од 49 милиони денари“, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Министерот Милевски истакна дека овој проект е одличен пример како една добра добра идеја може да биде реализирана преку соработка меѓу централната и локалната власт, со заедничко финансисарење и со административната поддршка од Центарот за развој на Источниот плански регион.

Станува збор за нова атрактивна научно-туристичка содржина во Источниот плански регион која што ќе го привлече вниманието на посетители од земјава и од странство, со што регионот ќе ги промовира и ќе ги стави во функција своите развојни потенцијали.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лекарите протестираа пред сите клинички центри

Објавено пред

Протест на здравствените работници против насилството врз нив денеска се одржа под мотото „Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите“.

Протестот се одржа пред Клиничкиот центар на хелиодромот, пред ГОБ „8 Септември“, пред стара Градска болница, пред поликлиниките и здравствените домови, пред ординациите, пунктовите, во периодот предвиден за пауза.

Министерот Венко Филипче најави нови мерки за справување со насилството. Тој рече дека во координација со министерството за правда и МВР договориле конкретни мерки. Министерот најави мобилна патрола во старата градска болница, каде, како што рече, имало најмногу инциденти, особено во дежурствата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Случај „Монструм“: Во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија2 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници, против насилството врз нив. Тој рече дека започнале...

Македонија2 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ3 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет4 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет5 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет5 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет17 часа

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт18 часа

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион19 часа

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија20 часа

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија22 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија24 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија24 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија1 ден

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија1 ден

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет1 ден

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет1 ден

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Досие