Македонија
Стефоска ќе иницира одземање на ингеренциите на Охрид и Струга поради изградбата на дискотеката „Парк“
Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска, соопшти дека ќе иницира пред Владата да им се одземат ингеренциите на општините Охрид и Струга, во врска со градежните активности на објектот ресторан дискотека „Парк“, во Охрид.
„ Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини“ соопшти министерката.
Во делот на надлежностите на Министерството за култура, како што наведува таа, на одговорност ќе бидат повикани Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид, како и Управата за заштита на културното наследство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Арсовска нема повторно да се кандидира за градоначалник на Скопје
Не размислувам за повторна кандидатура, истакна градоначалничката Данела Арсовска одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на донацијата на шесте еколошки автобуси за Град Скопје обезбедени од ЕУ како дел од проектот за чист воздух.
„Би сакала да им посакам барем еднаш да докажат и да покажат, прво, пред граѓаните дека она што го говорат ќе може да го реализираат за на следните избори да имаат поддршка, а во рамките на она што досега сме го виделе, не верувам дека некој ќе мисли дека тоа е така. Затоа што јас кога се кандидирав како градоначалник ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, која, за жал, не успеа да се надмине себеси, односно нејзиното раководство. Суетите се преголеми за да му дозволите некому да работи, без да му кажувате што и како да прави“, посочи Арсовска.
Додаде дека никогаш повеќе не би сакала да работи со луѓе што само саботираат и блокираат.
Македонија
Европската Унија му донира на ЈСП шест еколошки автобуси
Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) доби шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, како донација од Европската унија (ЕУ).
Амбасадорот на Европската унија во земјава, Михаил Рокас, во Дирекцијата на ЈСП истакна дека донацијата е во рамки на проектот „ЕУ за чист воздух“, вреден 10 милиони евра, којшто се очекува да придонесе кон намалување на загадувањето, а ги опфаќа најмногу загадените градови во земјата, Скопје, Битола, Куманово и Тетово.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изрази надеж дека донацијата од Европската унија ќе ги мотивира советниците на Град Скопје да гласаат и за набавка на уште 250 еколошки автобуси.
Во изјавата за медиумите таа ја поздрав најавата на Владата за набавка на нови електрични автобуси, но ја оцени како задоцнета. Веќе за три години можевме да имаме по 50 нови автобуси, додаде градоначалничката.
Македонија
Авионска линија Прага – Скопје, партнерство со универзитети – иницијативи на Божиновска за поблиски односи со Чешка во бизнисот, образованието и енергетиката
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одржа продуктивна средба со делегацијата на Комисијата за надворешни работи, Дом на пратеници од парламентот на Чешката Република, која престојува во официјална посета на Република Македонија.
На средбата се разговараше за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на иницијативата на министерката Божиновска за воспоставување директна авионска линија Прага – Скопје, која би ја олеснила поврзаноста меѓу двете земји, поттикнувајќи ја соработката во трговијата, туризмот и бизнисот.
Дополнително, министерката ги потенцира можностите за проширување на соработката со чешки компании во областа на енергетиката, со акцент на вложувања во обновливи извори на енергија, модернизација на енергетската инфраструктура и воведување иновативни технологии.
Во текот на средбата беше разгледана и можноста за воспоставување партнерства помеѓу чешките универзитети и македонските образовни институции, со цел размена на знаења, заеднички истражувачки проекти и отворање на нови можности за студентите од двете земји.
Оваа средба претставува уште еден чекор во градењето посилни билатерални односи и продлабочување на пријателството меѓу Чешката Република и Македонија, велат од Министерството.