Контакт

Македонија

(Видео) Судот го ослободи Латас

Објавено пред

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан Павловиќ кои беа обвинети за бесправно градење викендички во Зелениково во предметот „Тревник“ на СЈО.

Судијката Марија Клетничка Марковска рече дека делото за кое тројцата се обвинети не е кривично дело според законот. Градежните инспектори по службена должност можеле да ја спречат изградбата, а ако проценат дека не е испочитуван Законот за градење можеле да изречат прекршочни глоби или да поднесат кривична пријава за бесправно градење.

Кај Латас таква процедура немало, а обвинетите ја легализирале дивоградбата, ги добиле потребните документи, како и одобрението за градење кое не било оспорено.

Судот, исто така, им ги врати пасошите на Латас и на неговите браќа и ги укина мерките да се пријавуваат еднаш неделно во судот.

Трошоците за судската постапка ќе ги плати државата.

Првото рочиште за „Тревник“,  се одржа на 14 март 2018 година. Специјалното јавно обвинителство ги обвини браќата Павловиќ за бесправна градба на три викендички во Зелениково.

Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до јануари 2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, обвинетите граделе без одобрение од надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост.

Македонија

Посебен сообраќаен режим поради ридско брзинскиот натпревар во автомобилизам

Објавено пред

Денеска и утре во периодот од 9 до 16 часот ќе се одржи меѓународен ридско брзински натпревар во автомобилизам „Награда на град Скопје – Водно 2019“, организиран од страна на АКК Кастум Кар Реисинг Тим Скопје со старт од улицата „Тодор Александров“, па до Средно Водно во Скопје.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна реконструкцијата на улицата Индира Ганди во Шуто Оризари

Објавено пред

Екипите на Град Скопје ја почнаа првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари. Оваа значајна сообраќајница ќе се обнови на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец.

„По повеќе децении ќе се реконструираaт коловозот и дел од тротоарите на улицата Индира Ганди со цел да обезбедиме добра инфраструктура за граѓаните, особено во општината во којашто живеат најголем број социјално загрозени лица. Градежните работи овде ќе траат 30 дена, а за овој зафат Град Скопје ќе потроши околу 16 милиони денари“, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој упати апел граѓаните секојдневно да ги следат информациите за воведување привремен режим на сообраќај што ги објавува Град Скопје и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. Шилегов замоли за разбирање додека траат градежните работи за обнова на улиците зашто крајната цел е Скопје да добие функционален, модерен и безбеден сообраќај кој целосно ќе ги задоволува потребите на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Македонија

Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Партизански одреди

Објавено пред

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот Партизански одреди, од денеска ќе се воведе привремен сообраќаен режим.

Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на булеварот Партизански одреди, од мостот Обединети Нации до ул. Московска, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од булеварот од кружниот тек кај Порта Влае до крстосницата со улица Московска (кај ТЦ Сити мол), во правец на движење од Ѓорче Петров кон Центар. По трасата во спротивниот правец сообраќајот ќе се одвива непречено.

За време на привремениот режим, автобусите на ЈСП кои сообраќаа по овој дел од бул. Партизански одреди, ќе се пренасочат преку ул. Адолф Циборовски и бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, а ќе се вратат на нормалната траса преку ул. Московска.

Асфалтирањето се врши во рамките на проектот за реконструкцијата на коловозот на дел од булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до мостот Обединети нации, на должина од два километра.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог закон за јавно обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за...

Македонија44 минути

Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија3 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија4 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија4 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија6 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет7 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт7 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија18 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет19 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет20 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ23 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија1 ден

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет1 ден

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија1 ден

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа1 ден

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Досие