Контакт

Македонија

СЈО бара нов притвор за Мијалков за „Империја”

Објавено пред

Специјалното јавно обвинителство бара нов притвор за ексдиректорот на тајната полиција Сашо Мијалков за случајот „Империја”, потврдија неговите адвокати за „Макфакс“.

Мијалков треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, кој треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на обвинителката Лиле Стефанова.

Во кривичниот суд моментално има засилено присуство на полицијата. Следната недела во Апелацискиот суд треба да се одржи и јавна седница за притворот на Мијалков за случајот „Таргет-Тврдина“.

 

Македонија

Директорката на „Групер“, Нина Ангеловска, ќе биде новата министерка за финансии

Објавено пред

На седницата на Централниот одбор, СДСМ вечерва се одлучуваше за неклкумина кандидати за нови министри и заменици министри.

По завршувањето на седницата, премиерот и претседател на партијата, Зоран Заев, nајави дека утре ќе достави предлог до Собранието за нов министер за финансии да биде назначена Нина Ангеловска, која во јавноста е позната како еден од основачите на компанијата „Групер“ и е добитник на наградата „Форбс 30“.

Заев најави дека ќе достави и предлог за нов заменик-министер за образование и наука – Елизабета Наумовска.

Заменик-министерот за економија Кире Наумов, ќе биде разрешен бидејќи ќе добие нова позиција како директор на Македонската банка за поддршка на развојот, на негово место Заев ќе го предложи Кирил Колемишевски.

За заменик-министер за новото Министерство за политички систем и односи со заедниците ќе биде предложен Неџат Мехмедовиќ.

Како што кажа Заев, со овие решенија се испраќа порака дека младите со својата енергија и инвентивност може да бидат корисни дома, а не надвор од Република Северна Македонија.

„Општеството знае да препознае и да даде шанса секој да се вгради низ институциите на системот и да даде придонес во севкупниот раст и развој, соовременување и модернизирање на општеството и нашата земја“, порача тој.

На централниот одбор на СДСМ беше донесена и одлука да се изберат и пет потпретседатели на партијата.

Така, на овие позиции во иднина ќе бидат актуелната министерка за труд и социјала, Мила Царовска, Коста Петров, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пратеникот Мухамед Зекири и министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Објавено пред

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за новинарите по завршувањето на седницата на Централниот одбор на владејачката партија.

„Веруваме во презумпцијата на невиност и веруваме во исправноста на независност со силата на аргументите да се докажуваат постапките за можен криминал на секој кој евентуално се огрешил пред законот. Верувам дека тоа се исправни чекори. Вакви случаи се мачнина и тешкотија за сите во општеството, но истовремено се предизвик“, рече Заев алудирајќи на притворот за Катица Јанева и случајот „Рекет“.

Тој изрази увереност дека Северна Македонија и граѓаните ќе излезат како победници и порача дека секој што се огрешил пред законот треба да одговара.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Објавено пред

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија од скопскиот Кривичен суд. Тоа значи дека Јанева останува во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Доцна синоќа судијата Седат Реџепагиќ ѝ определи притвор на шефицата во оставка на СЈО, по барање на Обвинителството за гонење организиран крииминал и корупција.

Јанева е третоосомничена во истрагата „Рекет“. Таа, според обвинителството, му овозможила на осомничениот Орце Камчев поповолна позиција во истрагата на обвинителката Лиле Стефанова за предметот „Империја“, при неизменети околности и предложила да излезе од притвор.

Освен тоа, во план било Камчев да добие статус на заштитен сведок или да му биде понудена спогодба.

Јанева вчера беше уапсена во нејзината куќа во скопско Козле и однесена првин во СЈО, па потоа и во Кривичниот суд. Утрово беше донесена на погребот на нејзината мајка во родната Гевгелија.

Шефицата на СЈО е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување. Доколку биде поднесено обвинение и биде осудена, ѝ се заканува казна затвор од најмалку три години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија2 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Свет3 часа

Сточари и дрвосечачи поттикнати од бразилскиот претседател ги прават пожарите во Амазонија, тврдат еколозите

Пожарите во Амазонија ги предизвикале сточари и дрвосечачи, кои, охрабрени од политиката на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, сакаат да ја...

Европа5 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ9 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ10 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија11 час

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија12 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија12 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет12 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија13 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа13 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија1 ден

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија1 ден

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион1 ден

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија1 ден

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија1 ден

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија1 ден

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија1 ден

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Досие