Контакт

Македонија

СЈО не добило барање од Мијалков за судот да му го врати пасошот

Објавено пред

Кривичниот суд во Скопје ги демантира информациите кои се појавија во одредени портали, дека му бил вратен пасошот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Оттаму додаваат дека кривичниот совет на скопска единица воопшто не расправал по барање за укинување на мерките за претпазливост за обвинетиот Мијалков.

Од специјалното јавно обвинителство за „Макфакс“, пак, потврдија дека тие досега не добиле ново барање со кое Мијалков бара да му биде вратен пасошот за да дадат мислење пред судот.

Во моментов во судот за Мијалков се водат три активни судски случаи за предметите „Таргет Тврдина“, „Трезор“ и „Тортура“. За сите овие предмети судењата се во фаза на доказна постапка кога се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци.

На Мијалков му е одземен пасошот и има обврска еднаш неделно да се пријавува во Основниот суд Скопје 1.

Македонија

Кривичниот суд: Сеад Кочан од 17 јули во затвор

Објавено пред

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да
постапува по предметот на СЈО – „Труст“, изготвил и доставил упатен акт за бизнисменот Сеад Кочан, кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор од четири години и 8 месеци. Тој треба да се јави во затвор на 17 јули.

„Според упатниот акт, а во согласност со член 137 и 139, ст.3 од Законот за извршувањето санкции, осудениот е должен на 17.7.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено-поправна установа“, соопштија од Кривичниот суд.

На обвинетиот Василије Авировиќ во предметот „Труст“ скопска Апелација му изрече алтернативна мерка условна осуда, казна затвор во траење од 2 години, која нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.

Сеад Кочан претходно со првостепената пресуда беше осуден на 6 години затвор, а Авировиќ на 3 години. Обвинетите беа осудени за злоупотреба на постапка за јавна набавка. И двајцата добија забрана за вршење дејност и да бидат управители или одговорни лица на правно лице во траење од 3 години. Третообвинениот во предметот, Сафет Ватиќ, беше ослободен од обвинението, како и неговата фирма „Вато“ ДООЕЛ.

Правните лица „Трансмет“ и „Силекс неметали – Кратово“ добија парична казна од два милиона денари. И двете фирми добија забрана за учество во јавни набавки за три години. Судот за нив определи и конфискација на имот од 1 милијарда и 60 милиони денари.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Камчев да биде донесен со полиција да сведочи, бара СЈО

Објавено пред

Поради повреда на коленото на обвинетиот Метуш Шабани, која се случила на 16 јуни, судијката Александра Ристеска го одложи денешното рочиште за предметот на СЈО, „Тортура“.

Судијката констатира дека за новинарката Оливера Трајковска нема уредна достава на судската покана. Трајковска, како што образложи судијката, не се јавувала на вратата. За експортпаролот на МВР, Иво Котевски, кој исто така е повикан како сведок, нема доказ за уредна достава на поканата за сведочење.

Бизнисменот Орце Камчев ја примил поканата за сведок на 5 јуни, но денеска не дојде да сведочи пред судот. Обвинителот од СЈО, Љубомир Лапе, побара Камчев да биде донесен стражарно со полиција. Ако Камчев го оправда отсуството, ќе биде повлечена наредбата за стражарно приведување.

Во предметот „Тортура“ на СЈО обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфа“, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на единицата за мачење и изживување врз лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

На 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, Бошкоски беше уапсен „алфите“ под сомнение дека незаконски користел финансиски средства за изборната кампања. Според обвинението, со апсењето на Бошкоски му била нанесена душевна и физичка болка, страдање, срам и понижување, што било по нарачка на Мијалков поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба.

Предметот е во фаза на доказна постапка. Првото рочиште за овој случај се одржа на 28 февруари 2018 година.

Прикажи повеќе...

Македонија

Канада го ратификува протоколот за членство на земјава во НАТО

Објавено пред

Канада е најновата во низата земји што го ратификуваа протоколот за членство на земјава во НАТО.

„Денес, Канада со задоволство го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Се радуваме што во блиска иднина ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30-та членка на алијансата“, се вели во објавата на твитер-профилот на канадското Министерство за надворешни работи.

Со ова Канада сатна 18-та земја членка на Северноатлантскиот сојуз, која го ратификува протоколот кога пред десетина дена тоа го направија Германија и Естонија.

Во меѓувреме, во тек е постапката за ратификација и во Сенатот на САД, а се очекува ратификацијата на протоколот во Вашингтон да се случи до крајот на летово.

Со ратификацијата на протоколот од 29-те земји сојузници во алијансата, Северна Македонија и официјално ќе стане 30-та членка на НАТО.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Кривичниот суд: Сеад Кочан од 17 јули во затвор

Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд во Скопје, надлежен да постапува по предметот на СЈО – „Труст“, изготвил...

Македонија3 часа

(Видео) Камчев да биде донесен со полиција да сведочи, бара СЈО

Поради повреда на коленото на обвинетиот Метуш Шабани, која се случила на 16 јуни, судијката Александра Ристеска го одложи денешното...

Македонија3 часа

Канада го ратификува протоколот за членство на земјава во НАТО

Канада е најновата во низата земји што го ратификуваа протоколот за членство на земјава во НАТО. „Денес, Канада со задоволство...

Македонија4 часа

Осумката од ВМРО-ДПМНЕ бара место во работните групи за Изборниот законик

Осумката од независната група од ВМРО ДПМНЕ бара место во работните групи за измени на Изборниот законик со цел демократизација...

Македонија5 часа

Културните работници со апел до Заев: Метлата нека го одмине МКЦ

Поголема група работници во културата испратија отворено писмо до премерот Зоран Заев во кое се противат на најавените промени во...

Регион5 часа

„Вечерњи лист“: И Мирослав Шкоро во трката за претседател на Хрватска

Хрватскиот „Вечерњи лист“ објави дека пејачот Мирослав Шкоро неделава официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска. Шкоро...

Македонија16 часа

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток...

Топ22 часа

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ22 часа

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет23 часа

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет24 часа

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија1 ден

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија1 ден

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ1 ден

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет1 ден

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет1 ден

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет1 ден

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија2 дена

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет2 дена

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ2 дена

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Досие