Македонија
„ТАВ аеродроми“ синоќа го пречека првиот лет на „Трансавија“ од Амстердам на скопскиот аеродром

„Трансавија“, втората по големина нискобуџетска авиокомпанија во Холандија, со база на аеродромот „Шипхол“ во Амстердам, по речиси повеќе од 12 години, повторно ја воведе линијата од Амстердам до Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Тие ќе летаат на релација Амстердам – Скопје – Амстердам двапати неделно, четврток и недела.
Во четврток авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9.35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот „Шипхол“ во 10.25 часот. Во недела „Трансавија“ ќе слетува во главниот град на Македонија во 20.45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21.35 часот.
„ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, членка на Групацијата АДП, вчеравечер, 2 март 2025 година, во 21 часот го пречека првиот лет на холанската авиокомпанија „Трансавија“ на Меѓународниот аеродром „Скопје“, со што се означи воведувањето на новата авиолинија Амстердам – Скопје – Амстердам.
„Денес, одбележуваме значајна пресвртница за ‘ТАВ Македонија’, подружница на ‘ТАВ аеродроми’, членка на Групацијата АДП. Оваа нова рута не е само за проширување на нашата мрежа; станува збор за проширување на можностите за македонските граѓани. Со оглед на тоа што Амстердам е една од нај живописните дестинации во Европа, овој лет не само што ќе ги приближи луѓето до светските историски атракции и колекции на голема уметност, туку ќе им овозможи на туристите и да ги искусат неговите живописни пејзажи“, изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.
„Со додавањето на Скопје во нашата мрежа им нудиме на нашите патници уште повеќе можности за патување во рамките на Европа. Без разлика дали е тоа патување за се види нов град или за бизнис, Скопје ќе ве воодушеви. Градот е уникатна дестинација, кој ве остава без здив и се наоѓа во убава земја. Многу се гордееме што ќе летаме на оваа рута“, изјави Марсел де Нојџер, главен извршен директор на „Трансавија“.
Оваа нова рута од Меѓународниот аеродром „Скопје“, која повторно се воведува по повеќе од 12 години, ќе овозможи полесни патувања кон Амстердам за туризам, семејни посети и за бизнис-цели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граѓаните плаќаат за чиста средина, а не за депонии и ѓубришта: Митески најави кривична против ЈП „Комунална хигиена“доколку не реагира за отпадот

Комуналните служби на Општина Аеродром само денеска собраа над 10 тони отпад (50м3) кои завршија во „Дрисла“, соопшти в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
„Ова не е еднократна акција – ова е наша секојдневна работа. Нашите општински служби се на терен, додека Градското комунално претпријатие кое треба да ја изврши оваа работа, е неажурно и немо. Доста е“.
Граѓаните, додава тој, плаќаат за чиста и уредна средина, а не за депонии и ѓубришта. Напоменува дека никој нема право да го загрозува здравјето и иднината на децата.
„Од утре продолжуваме уште поинтензивно.
Ако нема веднаш реакција од ЈП „Комунална хигиена“, како градоначалник ќе поднесам кривична пријава за загрозување на животната средина согласно член 218 од Кривичниот законик, и секојдневно ќе барам постапување од Обвинителството и МВР“, објави Митески.
Ова, како што истакна, не е политика, туку прашање на достоинство, здравје и иднина.
Македонија
Мицкоски: Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоцијата на кандидатурата на Јане Мицевски за градоначалник на Општина Сопиште, како и на кандидатите за советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
„Народот е обединет и сплотен, не очекува убедлива победа за подобро и поубаво Сопиште.
Ветуваме реализација на многу проекти кои ќе ја подобрат инфраструктурата, ќе создадат нови можности за младите и ќе придонесат за економски развој и модернизација на општината. Заедно, со посветеност и транспарентност, ќе изградиме Сопиште какво што сите го посакуваме.
Јане Мицевски е вистинскиот избор за Сопиште“, објави Мицкоски.
Македонија
Николоски во Атина: во фокусот економската соработка меѓу двете земји и подобро регионално поврзување

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Атина, каде ќе оствари работни средби со високи претставници на Владата на Грција.
Во рамки на посетата, планирана е средба со вицепремиерот Костис Катзидакис, министерот за инфраструктура и транспорт Христос Димас, како и со алтернативниот министер за инфраструктура и член на Парламентот, Константинос Киранакис.
Исто така предвидена е средба и со менаџментот на пристаништето Пиреа.
На средбите предвидено е да се разговара за економската соработка меѓу двете земји, како и за подобро регионално поврзување.
Ќе се разговара и за изградбата на брзата пруга на коридорот 10, што многу ќе приоднесе за развој на трговијата и размената меѓу двете држави, а ќе преставува и главен крвоток за поврзување на грчките пристаништа со Централна Европа.
Во рамки на средбите планирано е да се отворат теми за унапредување на сообраќајот на Коридор 10 и 10 -д, зголемување на ефикасноста во патниот и железничкиот транспорт, за промовирање на ависообраќајот, како и унапредување на регионалната соработка.