Македонија
Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина
Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски разговор со неговиот украински колега, министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Двајцата министри се согласиле дека Република Северна Македонија и Украина споделуваат заедничка визија за стабилна, обединета и просперитетна Европа, истакнуваат од кабинетот на Османи.
Од таму додаваат дека во таа смисла, а реафирмирајќи ја заемната приврзаност кон европските принципи и вредности, министрите се осврнале на европските и евро-атланските интеграции на Република Северна Македонија и Украина, како и на можностите за натамошно унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економската соработка.
Станало збор и за актуелните состојби во источна Украина, при што министерот Османи ја реафирмираше јасната и недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина, истакнувајќи притоа дека Северна Македонија поддржува целосна имплементација на договорите од Минск во согласност со напорите на Трилатералната контакт група и политичкиот процес на Нормандискиот формат врз основа на принципите и заложбите на ОБСЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

