Контакт

Македонија

Тошковски не кажа како службена тајна завршила кај обезбедувачот на премиерот за да не ја осуети истрагата

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и утрово порача дека неселективно ќе се бори против криминалците и кога тие доаѓаат од редовите на Министерството за внатрешни работи, но не кажа како документите класифицирани како службена тајна завршиле кај обезбедувачот на премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето на дебатата  „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“, министерот Тошковски најави дека ќе сподели детали кога ќе заврши истрагата.

„Во овој момент не би сакал да откривам детали од истрагата. Кога ќе ги имаме потребните информации и кога ќе можеме, ќе ги споделиме“, кусо одговори министерот Тошковски на прашањето како обезбедувачот дошол до документите што ги користел за изнуда.

Тошковски потврди дека е вознемирен од случајот исто како и другите припадници на МВР.

„Сите во МВР се вознемирени кога гледаат дека некој криминалец се прикривал со униформа, без разлика дали таа униформа е свечена, дали е тактичка или униформа што ја носат припадниците на одделот за обезбедување имот и лица“, рече министерот Тошковски.

Кривичната пријава против обезбедувачот на премиерот за Тошковски е иста како и кривичните пријави што во минатото биле поднесувани против криминалците од редовите на МВР. Одделот за внатрешна контрола по добиените информации за случајот во рамките на спроведувањето на истрагата, веднаш известил надлежен јавен обвинител, кој уште истата вечер издал наредби да се преземат дејства.

Обезбедувачот на премиерот за 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Обвинителството извести дека тој на 30 март годинава, на паркинг пред хотел во Велес се сретнал со сведок во постапка и му покажал документи на МВР, кои се службена тајна. Обвинителството побара, а судот прифати 30-дневен притвор за обезбедувачот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија15 минути

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет21 минута

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника22 минути

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника45 минути

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион1 час

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Македонија1 час

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...

Македонија2 часа

Водата во Гостивар од денес е безбедна за пиење, рече Ангелов и отиде да испие чаша вода од улична чешма

Од денес водата од градскиот водовод во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти попладнево раководителот на Главниот штаб за управување...

Црна хроника2 часа

Скопјанец измамил 62-годишник за над 7.000 евра, па го нападнал и му се заканувал

Полицијата вчера го лишила од слобода 37-годишниот О.С. од Скопје, по пријава за измама, физички напад и закани кон 62-годишен...

Црна хроника2 часа

Едно лице тешко повредено, две со телесни повреди во сообраќајка кај Кичево

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчераутро се случила на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на кичевското село...