Контакт

Македонија

Трајковски во судот барал покана за ТНТ

Објавено пред

Ексградоначалникот Тони Трајковски, кој е обвинет во случајот ТНТ, денеска, при редовното пријавување во судот побарал да му се достави покана за ново рочиште и таа не му била доставена од страна на судот, тврди неговиот адвокат Јовица Страшевски.

Потоа Трајковски испратил и писмено известување до судот, во кое се пожалил дека не е уредно поканет за утрешното рочиште.

„Со овој поднесок ве информирам дека на 14.1.2020 година при потпишување во евиденцијата во судот побарав од службите да ми достават покана за следно рочиште. Бидејќи не ми доставија покана, сакам да ве информирам дека уредно не сум поканет за следното судско рочиште“, се наведува во поднесокот на Трајковски до судот.

Неговиот адвокат Страшевски вели дека овој документ е доказ оти одбраната не прави опструкции во предметот ТНТ како што тоа го прикажуваат од Кривичниот суд.

Денешното рочиште за случајот ТНТ не се одржа, а за утре е закажано ново од 10 часот. Судијата за утрешното рочиште рече дека ексградоначалникот ќе биде стражарно приведен.

Македонија

(Видео) Заев на средба со лозари во Неготино: Го решивме проблемот со долговите од винарниците

Објавено пред

Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Решен е долгогодишниот проблем на лозарите што имаа побарувања од „Повардарие“ и „Стефани“. За 8.000 денари се зголеми субвенцијата за развојните производители на грозје со површина 1 до 10 хектари“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средба со лозарите во Неготино, придружен од кандидатките за пратенички – Лолита Ристова и Љупка Стојанова.

Претседателот Заев истакна дека земјоделството е важна гранка во економијата и дека ќе продолжат инвестициите за нови приходи од плодната македонска земја.

„Преку финансиска поддршка од 3,5 милиони евра ги стимулираме преработувачите на грозје и винарниците да произведуваат нови продукти – алкохолен дестилат. Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството преку модернизирање и ставање во функција капацитети во производство на преработки од грозје со цел понатамошно уште посилно развивање на лозарството како земјоделска гранка, која сè повеќе и повеќе извозува“, рече претседателот Заев.

Осврнувајќи се на досегашните достигнувања, претседателот Заев рече дека се зголемија субвенциите, кои се исплаќаат редовно, навремено и неселективно, а трудот на земјоделците се цени и вреднува.

„За овие три години, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра. Ја воведовме зелената нафта. 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци. Поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 евра на 20.000 евра. Се намали надоместокот за регистрација на винарска визба, и тоа за винарските визби со капацитет до 30.000 литри годишно намалувањето е од 10.000 денари на 1.500 денари, а за винарските визби со капацитет над 30.000 литри годишно намалувањето од 10.000 на 5.000 денари“, наведе Заев и додаде дека до 2024 година се обезбедува целосно бесплатна 100 отсто субвенционирана зелена нафта за сите земјоделци, двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците, инвестиции во откупно дистрибутивни центри и големи плантажи и системи за наводнување, како и бесплатна едукација за користење ИПАРД-средства и современи технологии во производство.

„За следниот мандат финансиката поддршка во земјоделството ја планираме на 200 милиони евра годишно, или 800 милиони евра за цел мандат. Е, тоа е вистинска грижа за земјоделците. Затоа, на 15 јули земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите буџети и нема да дозволат никој повторно да гази врз нивниот труд“, заклучи Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

АХВ чека резултати од мострите храна од сендвичарницата „Гранд бургер“

Објавено пред

Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека резултатите од мострите храна земени во рамките на инспекцискиот надзор спроведен уште во понеделникот врз основа на поднесени претставки од страна на потрошувачи, кои се засегнати во овој случај, а чија истрага е во тек.

Агенцијата соопшти дека доцна попладнево добила официјално известување од Центарот за јавно здравје – Скопје дека по добиени пријави и извршени епидемиолошки анкети, утврден е извор на зараза – сендвичарницата „Гранд бургер“. Инспекциските служби на АХВ и на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по добиеното известување, се упатија кај операторот со храна за да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на фактичката состојба кај овој оператор со храна и за одредување мерки за сузбивање на појавата.

На самото место констатирано е дека објектот не работи, односно, по изјава на соседите, тој бил затворен од страна на самиот оператор уште во текот на вчерашниот ден.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски од Гази Баба: По 20 години, луѓето добиваат вода и канализација

Објавено пред

Општина Гази Баба е пример како ние градиме, а ВМРО-ДПМНЕ мислеше само како да краде. Јурумлери, првпат по 20 години, добива фекална канализација и се ослободува од црната кал, а ВМРО-ДПМНЕ со години овде беше власт и не направи ништо, освен што им ги крадеше парите за својата бела палата, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски за време на денешната посета на општина Гази Баба.

„Ние изградивме вакуум-станица за фекална канализација за цело Јурумлери, прва од ваков вид во Македонија, првата фаза е изведена со поставување на инфраструктурата кон две улици и домаќинствата и продолкжува втората фаза кон другите краци.

ВМРО-ДПМНЕ им бараше самопридонес на граѓаните за водовод и канализација, а сега инфраструктурата до улиците е бесплатна за жителите затоа што ние ги насочуваме парите кон граѓаните.

Првпат по 20 години, централната власт ѝ подаде рака на Гази Баба и само за патната инфраструктура во оваа општина се дадени 1 милион и 920 илјади евра.

Владо Мисајловски доаѓа да се шета овде, но нема објаснување зошто кога седеше во владата на Груевски како министер за транспорт и врски, не се заложи за канализација во Јурумлери, за водовод во Раштак, за водовод во Булачани, каде што сега се вложува, а тие ги оставија луѓето без вода во 21 век!

Само во Изборната единица 2 со инвестиција од 48 милиони, 585 илјади и 698 денари се изградени нови и рехабилитирани се над 159 километри патишта.

Во целата држава се градат 260 киломентри автопати, 300 километри експресни патишта, 900 километри локални патишта. Обновуваме повеќе од 1.500 киломентри постојни патни правци. Интензивно се работи на локалната инфраструктура и дополнителни 500 киломенри водоводи и канализации.

Направивме пресврт и покажавме што значат политики на парите кон граѓаните наместо во џебовите на режимот.

ВМРО-ДПМНЕ ги краде парите на граѓаните, а ни Мицковски ни Мисајловски не знае економија.

Ние овозможуваме брза развојна економија, можеме уште повеќе и уште подобро и затоа на 15 јули продолжуваме во сигурна иднина заедно напред“, порача Спасовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија2 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа4 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија4 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ5 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет5 часа

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија6 часа

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет7 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија7 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија7 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион8 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа8 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет8 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија9 часа

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Свет9 часа

Бројките вртоглаво растат – 10,53 милиони заболени во светот и 176 илјади новозаразени со коронавирус за еден ден

Во светот се регистрирани повеќе од 176.000 нови случаи на коронавирус, а вкупниот број заразени надмина 10,53 милиони. Според Светската...

Македонија10 часа

Епидемиолозите ќе одлучуваат дали ќе се затворат границите со Србија и Косово

Со оглед на развојот на ситуацијата со коронавирусот во соседството, Комисијата за заразни болести  се очекува денеска да разговара за...

Регион10 часа

(Видео) По протестите во Белград, надлежните тврдат дека студентите ќе останат во домовите

По синоќешните протести во Белград, надлежните тврдат дека студентите нема да бидат иселени од домовите поради експанзијата на заболени од...

Македонија21 час

Затвореникот од „Идризово“ се заразил на викенд, 18 затвореници се во самоизолација

Осумнаесет затвореници од затворот „Идризово“ се во самоизолација поради контакт со осуденик што се заразил со коронавирус. Директорот Боби Мојсовски...

Свет24 часа

СЗО: Ризикот за смртност од коронавирус е поголем кај пушачите

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето цигари може да предизвика потежок облик на болеста Ковид-19 и поголема смртност кај...

Спорт1 ден

„Ролан Гарос“ ќе се игра пред 60 отсто полни трибини

„Ролан Гарос“ ќе дозволи трибините да бидат полни со навивачи до 60 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, односно максимално...

Досие