Контакт

Македонија

Триесет дена притвор за бизнисменот Орце Камчев

Објавено пред

Триесет дена притвор за бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија и за Зорица Арсовска, сметководител во фирмите на Камчев. Ова е одлуката на судијката по претходна постапка за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по речиси десетчасовен распит на петмината приведени од вкупно 13 осомничени.

dobivaj vesti na viber

Околу 2.30 часот утринава, дел од осомничените беа спроведени во Истражниот затвор во Шутка. Тие се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари.

Претходно, обвинителката од СЈО Лиле Стефанова која го води случајот, заедно со Катица Јанева, пристигнаа во судот да ги подигнат решенијата за притвор за Камчев и Јосифовиќ, додека другите решенија сè уште се изготвуваа.

Осомничените за „Империја“ влегуваат во Истражниот затвор

Петмината осомничени кои беа приведени почнаа да пристигнуваат на распит во Кривичниот суд вчера околу 14 часот. Последен пристигна бизнисменот Орце Камчев, кој беше донесен со возило директно во гаражата на судот.

Претресот во просториите на Орка Холдинг почна вчера, околу 6 часот утрината со асистенција на Одделот за сузбивање организиран криминал и корупција.

„Империјата“ на СЈО ги отвори прашањата за сестринските фирми и оф-шор компании кои се поврзуваат со бизнисменот Орце Камчев, но од обвинителството не соопштија конкретно за што станува збор. Она што е познато во јавноста е дека станувало збор за еден од пообемните предмети кој долго време бил во предистражна постапка од повеќемина обвинители на СЈО.

Еден од сегментите на истрагата е и контроверзната оф-шор компанија од Лугано, Ексико, понатаму фирмата НВСП за која во аудиоснимките на СДСМ можеше да се слушне дека ексдиректорот на УБК Мијалков договорал милионски провизии со Израелците за набавка на опрема за прислушување, но она што е најголем заеднички именител за повеќето осомничени се фирмите Орка Холдинг, Жито Полог Тетово и земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола.

Пред да почне распитот во Кривичниот суд, двајца од осомничените, Камчев и Панделески се огласија со соопштенија во кои се вели дека нивните фирми вработуваат многу лица и дека нивната работа се базира на транспарентност и одговорност.

Од СЈО најавија дека во скоро време ќе ја прошират истрагата за нови лица и за нови кривични дела и ќе бараат замрзнување на имотот.

Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија влегува на распит во Кривичниот суд

Во прилог „Макфакс“ прикажува кои се осомничените лица во случајот „Империја“:

Јордан (Орце) Камчев – директор на Орка Холдинг, Аџибадем Систина, Лајф кеар сентар, поранешен неизвршен член на Одбор на директори на Бетон Штип, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија

Сашо Мијалков – поранешен директор на УБК

Ненад Јосифовиќ – близок соработник на Камчев, член на Надзорен одбор на Стопанска банка Битола

Цветан Панделески – директор на ЗК Пелагонија АД Битола, поранешен неизвршен член на Одбор на директори на Бетон – Штип, татко на Дејан Панделески, директор на Пелистерка

Ратка Куноска Камчева – мајка на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на Орка Ходинг

Кристина Камчева Стојческа – сестра на Камчев и неизвршен член на Одбор на директори на Жито Полог Тетово, Кара АД, Монт ДООЕЛ, Орка Фајнанс ДООЕЛ и О.К хотел ДООЕЛ Скопје

Зорица Арсовска – сметководител во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одбор на директори на Жито Полог, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија, неизвршен член на Одбор на директори на Орка Холдинг

Лилјана Гајдоска – правник во фирмите на Камчев, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија

Владислав Стајковиќ – сопственик на НВСП, доскорешен директор на „Мобико“ и поранешен директор на „Финзи“

Тодор Мирчевски – директор на „Ексико“, поранешен неизвршен член на Одбор на директори на Бетон – Штип, неизвршен член на Одбор на директори на ЗК Пелагонија, неизвршен член на Одбор на директори на Жито Полог

Ванче Мијалчев – извршен директор на Бетон Штип

Јованче Тасковски – брокер и овластено лице во ДИС- Архивирај ДОО Скопје

Дејан Јанев

Македонија

Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)

· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)

· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд

Објавено пред

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Времето во наредните денови

Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Објавено пред

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во кризниот штаб се ангажирани Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, противпожарните единици од Тетово, Противпожарната бригада на Градот Скопје, екипи од Општина Ѓорче Петров, НПК Сарај, како и полициската единица Сарај.

„Искрено им се заблагодаруваме на сите институции и тимови за нивниот професионален, посветен и солиден ангажман во справувањето со оваа ситуација.

За време на состанокот беа дискутирани понатамошните чекори што треба да се преземат за целосно санирање на последиците, поддршка на погодените семејства и превентивни мерки за избегнување слични ситуации во иднина.

Надлежните институции и служби остануваат во целосна готовност и ќе продолжиме да ги информираме граѓаните за сите нови случувања“, објави Елмази.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија12 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија15 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија17 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија17 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија19 часа

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет22 часа

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија2 дена

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија2 дена

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија2 дена

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија2 дена

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија3 дена

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ3 дена

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 дена

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија3 дена

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија3 дена

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија3 дена

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион3 дена

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...