Македонија
(Видео) Триесетина организации предводени од Бачев, почнаа кампања за бојкот на референдумот
Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Трета партија на Македонците, Тврдокорните, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации, на чело со Јанко Бачев од „Единствена Македонија“, почнаа кампања под слоганот „Македонија бојкотира“.
Вкупно 28 организации потпишаа Меморандум за соработка и формираа т.н Кризен штаб кој ќе ја води кампањата.
„Ние сме собрани да недозволиме да не избришат од светската мапа на нации. Тоа нема да го дозволиме. Оваа битка е поголема од предавничката авантура на власта. Со бојкотот ја спречуваме промената на името. Заев е во очај , посебно се забележа на НАТО журките. На Илинден им сметаше МТВ, и лажат дека бојкотот значело прифаќање на Договорот со Грција. Оваа битка ќе ја добиеме со бојкот. Ќе им остане предавството. Новата власт која доаѓа ќе расчисти со предавниците, рече Бачев.
Претставниците на организациите најавија дека ќе одат од врата на врата да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдумот на 30 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

