Македонија
„Туризмот ќе страда“ – опозицијата бара итно да се отвори влезот на Охрид, кој е затворен поради градежни активности
Владата, Министерството за транспорт и другите надлежни институции, во пресрет на летната сезона донесоа скандалозна одлука за затварање на патниот правец Подмоле – Охрид, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа на прес-конференција во Собранието.
Како што рече, оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници, кои ќе транзитираат во овој регион и ќе има негативен ефект врз туризмот, кој е еден од главните двигатели на овој регион.
„Затворање на главната артерија, поточно влезот на Охрид и пренасочување на патот на стариот пат, кој нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај и возила во сезоната, е непромислен потег донесен од надлежните институции, без тие да размислат за последиците како за безбедноста во сообраќајот така и за успешноста на летната туристичка сезона на Охрид и Охридскиот Регион“, рече Грација Бакраческа.
Вели дека власта имаше 6 години за реализација и реконструкција на овој патен правец, но ништо не направи. А сега, иако Општина Охрид и СВР Охрид дадоа негативно мислење за затворање на овој патен правец, власта тврдоглаво не отстапува од својата намера на штета на Охрид и охриѓани.
„Сега кога туризмот треба да биде во полн ек и да работи на привлекување туристи и промоција на Македонија, власта се сети да покаже дека нешто работи. Но, дури и кога сакаат да покажат дека нешто работат, тоа не знаат да го направат исправно“, рече таа.
Опозицијата ги повика надлежните институции на чело со Владата и Министерството за транспорт веднаш да ја стопираат и променат одлуката и да овозможат нормален проток на возила барем во текот на летната туристичка сезона, а по завршувањето, да почнат со градежните активности на овој патен правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро појава на магла, преку денот сончево време
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури ќе бидат пониски.
Скопје
Без струја дел од Аеродром
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, без ел. енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 08,00ч до 12,00ч дел од Бул. Јане Сандански околу б/п Окта Петрол о. Аеродром.
Скопје
Пронајденo e исчезнатото 4-годишно дете
Пронајдено е четиригодишното дете Хадис по кое попладнево се трагаше.
Таткото Самир Абазов на социјалните мрежи упати благодарност до сите граѓани кои се вклучиле во потрагата.
„Благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте во големата акција да се најде детето. Детето е пронајдено живо и здраво. Фала од се срце“, порача Абазов.