Контакт

Македонија

Угостителските објекти и обложувалниците од денеска се затворени за посетители

Објавено пред

Од денеска угостителските објекти се затворени за гости и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер.

Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети.

Се затвораат и обложувалниците, кои ќе смеат да работат само преку пулт.

Мерката е на сила до 20 април.

Од вчера, затворени се фитнес-салите, спортските и салите за вежбање, а забрането е и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Полицискиот час од вчера почнува во 20 часот, наместо во 22, и трае до 5 часот наутро.

Мерките се донесени од Владата, со цел да се намали ширењето на на коронавирусот.

Македонија

Осомничен избегал од пред Кривичниот суд

Објавено пред

Утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција ѝ избегало лице кое било спроведувано до судот за одржување судски процес.

За настанот потврдија и од Основниот кривичен суд од каде објаснуваат дека се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со криумчарење на мигранти.

„Се работи за настан кој се случил надвор од судот за што е задолжена затворската полција, а не во просториите на Основниот кривичен суд. При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки“, информираат од судот.

Од таму исто така порачуваат повеќе информации поврзани со овој настан да се очекуваат од надлежната Казнено поправна установа и МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Градежна комора: Недозволиво е поради изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во општина Центар

Објавено пред

Суспензија на дел од деталните урбанистички планови во општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор, преку механизми кои се целосно правно неиздржани и директно ќе му наштетат на градежниот сектор и граѓаните, реагира Градежната комора.

Ваквото постапување, како што велат од таму, ја ограничува слободата на пазарот и претприемништвото и директно ги загрозува уставно загарантираните права на граѓаните и претпријатијата.

„Доколку постои спорен случај институциите да си понесат одговорност за грешките и да најдат начин како истиот спор да го разрешат, без да ги оштетуваат сите останати на кои им се загарантирани правата на сопственост и обезбедување подобри услови во живеалиште во оваа општина. Во изминатите три години градежниот сектор беше жртва на два мораториума кои беа поништени од Уставниот суд, а кои предизвикаа огромна штета врз граѓаните, градежништвото и економијата воопшто. Со вакви постапки на работење директно се попречува работењето на претпријатијата и се ограничува правото на сопственост и стекнати права на имот. Преку механизми кои се бараат, а се спротивни на позитивните прописи, се нарушуваат правата на граѓаните и претпријатијата, а со тоа се создаваат ненадоместливи штети по однос на имотот и економијата“, известуваат од градежаната комора.

Од таму предупредуваат за последиците од евентуални нови суспензии на ДУП-ови или блокирање на целосно легалните процеси и уставно загарантирани права.

„Градежните претпријатија кои во моментов имаат стекнати права на имот и целосно легални процедури за добивање на дозволи за градба, ќе бидат приморани да поведат правни постапки против институции и лица кои ќе иницираат вакви дејствија, а се целосно спротивни на законот. Предупредуваме дека судските исходи од ваквите постапки ќе значат милионски казни и штети врз буџетот на централните и локалните институции“, реагираат од оваа комора.

Според нив, градежниот сектор во изминатиот период делувал конструктивно, со многу разбирање за политиките, кои поради погрешна имплементација де факто направиле огромна штета врз градежниот сектор.

Постапките на незаконско носење  мораториуми и слични дејствија не може повеќе да се толерира, а градежништвото тој товар ни финансиски не може да го издржи. Градежниот сектор е двигател на економијата и со себе движи дополнително уште 26 стопански гранки, меѓутоа во изминативе години е доведен во состојба да се бори со ликвидност. Дури 80% од претпријатијата се соочуваат со потешкотии во организација на работата и намалена деловна активност. Апсолутно е недозволиво преку противправни процедури да се попречува работењето на градежништвото, а со тоа и да се воведува економијата во стагнација. Апелираме до сите надлежни институции да се придржуваат до правните процедури и своите одлуки да ги носат во согласност со законите и Уставот. Сè што бараме е почитување на законите, правото на сопственост, почитување на слободата на пазарот и сите останати права кои законски следуваат, а не се спроведуваат. Веруваме во спроведување на законски и уставно загарантирани права со кои ќе се надмине настанатата тешка ситуација во која градежништвото се наоѓа, велат од Градежната комора.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ предлага рефундирање на разликата во цената за лекување од Ковид-19 во приватните болници

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог-закон за дополнување на Законот за здравствена заштита со кој се предвидува рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид-19 во приватните болници, изјави Петар Ристески, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ предлага сите кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени исти како и во државното здравство.

„Исто така, со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ќе предвидиме граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство“, рече Ристески.

Тој додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека под итно мора да се излезе во пресрет на граѓаните и со овој предлог на закон да се помогне пред сè финансиски и на граѓаните кои се заразиле со Ковид- 19, но и на оние кои што се мачат со некоја друга хронична болест, а поради пандемијата предолго се ставени на листата на чекање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Осомничен избегал од пред Кривичниот суд

Утринава од пред Кривичниот суд на затворската полиција ѝ избегало лице кое било спроведувано до судот за одржување судски процес....

Македонија36 минути

Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска

Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...

Топ60 минути

Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на „Фејсбук“

Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски...

Македонија2 часа

Браќа од Сарај заболени од Ковид-19 фатени со лажни ПЦР-тестотви на скопскиот аеродром

Скопското oсновно јавно обвинителство поднесе предлог за парични казни против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26...

Европа2 часа

ЕУ подготвува тужба против „Астразенека“

Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против „Астразенека“, објави „Политико“, повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати. Вчера...

Топ2 часа

Обвинение за српски државјанин за сообраќајката кај Ростуше во која загинаа две лица

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение за српски државјанин кој предизвика сообраќајна несреќа со камион кај Ростуше во која загинаа...

Свет2 часа

Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19

Индија откри нов троен вид на ковид во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од...

Свет3 часа

Вакцинирани лица во старски дом во Америка масовно се заразиле со нов вид на вирусот

Случаи на Ковид-19 „експлодирале“ во март во пензионерски дом во САД каде што голем дел од корисниците биле вакцинирани, откако...

Македонија19 часа

Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет

Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...

Македонија20 часа

Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...

Македонија21 час

Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери

Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...

Македонија22 часа

Владата за комплексот спроти „Холидеј ин“: Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење

Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...

Македонија23 часа

Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот

Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...

Топ24 часа

(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот

Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое...

Македонија1 ден

Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи

Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките. На состанокот се...

Македонија1 ден

Обвинeние за Вера Иванова, за аферата со дијализа

До кривичниот суд во Скопје поднесено е обвинение против Вера Иванова поради сторени кривични дела перење пари и злоупотреба на...

Македонија1 ден

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Богдановиќ седел во кафеана додека сите се под клуч, тој демантира

Саша Богдановиќ вчера беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час, обвини денеска...

Регион1 ден

Рама: Мини шенгенoт е можност за отстранување на границите меѓу Албанија и Косово

Албанскиот премиер Еди Рама го гледа мини шенгенoт како можност за, како што рече, отстранување на границите меѓу Албанија и...

Топ1 ден

Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја...

Свет1 ден

(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...

Досие