Македонија
(Видео) Уставните измени без протести пред Собранието, за ДУИ е потврда дека граѓаните поддржуваат вметнување на Бугарите
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/Screenshot-2023-08-18-at-14.07.57.jpg)
Тоа што нема протести пред Собранието за ДУИ е потврда дека граѓаните даваат поддршка на процесот за уставни измени. Пратеникот од оваа партија, Арбер Адеми, посочи дека ова е показател дека граѓаните не сакаат конфликти, туку мир. Според него, денеска паѓаат маските и пратениците ќе си го покажат вистинското лице.
„Да видиме како изгледа булеварот 11 октомври пред Собранието, каде што сме ние. Денешната слика пред булеварот е показател дека граѓаните се за европска иднина. Денешната слика се потврда дека граѓаните не сакаат поделби, туку сплотување за ЕУ. Граѓаните не сакаат конфликти, туку сакаат мир. Дека не сакаат да бидат со Русија и Истокот, туку со Америка и Европа. И таа слика покажува и докажува дека граѓаните се за ЕУ, подобар животен стандард, за интеграција, а не за изолација, непредвидливост. Сликата на булеварот е најголем пораз на илозациските сили, кои ја тероризираат јавноста со непостојни и измислени стравови. Стравови од Албанци, Срби, Грци, Бугари. Граѓаните си седат спокојно дома за да ја донесеме последната и најважна одлука за државата“, рече Адеми.
Според него, во Собранието се решава второто најголемо прашање по зачленувањето на Македонија во НАТО.
„Убеден сум дека секој од вас ѝ посакува добро на државата“, додаде тој.
Предлогот за уставни измени е израз на дипломатска работа и компромис, според Адеми. Го нарече и билет во еден правец за ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.