Контакт

Македонија

Утре попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=9

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температура 19/35 степени.

Во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.

Македонија

Стефанова од СЈО: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Објавено пред

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ вели дека сите одлуки и списи кои излегувале од Специјалното јавно обвинителство ги потпишувала Катица Јанева.

Обвинителката воедно рече дека нема потпишано ниту една одлука која излегла од Обвинителството.

„Не сум потпишала ниту едно решение за пуштање од притвор во куќен притвор, ниту одлуката за давање на патни исправи на Цветан Панделевски. Сите одлуки си ги носи и потпишува Катица Јанева“, рече Стефанова и доплни дека таа законски нема право да потпишува вакви одлуки.

Таа на денешната прес-конференција се обрати пред новинарите, откако тие инсистираа на изјава бидејќи токму Стефанова го води случајот „Империја“ каде како осомничен се јавува сведокот по чии изјави Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за рекет, а еден од нив и за перење пари.

„Не стравувам дека можам да бидам инволвирана во новата истрага. Нема зошто да бидам инволвирана. Не знам дали треба госпоѓа Јанева да стравува. Тоа ќе ја прашате неа“, додаде Стефановска.

Прикажи повеќе...

Македонија

СЈО се огради од Јанева, бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Објавено пред

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен интерес на институцијата е зачувување на интегритетот на СЈО. Таа нагласи дека дејствијата на поединци не можат да ги карактеризираат дејствијата на СЈО.

„Стоиме зад работата којашто сме ја завршиле до сега, сите постапки за кои имаме обвинителни акти не се доведени во прашање, бидејќи е постапувано во рамки на законските прописи. Внимателно ги следиме случувањата и изразуваме голема загриженост. Бараме да се почитува начелото на пресумпција на невиност, се придружуваме на повикот на обвинителстовото секое лице кое е засегнато од ваков криминалитет, тоа да го пријави. Отворени сме за соработка со колегите, сите можни сомненија кои ја инвловираат оваа институција, несмеат да го доведат во прашање интегритетот на постапките кои ги водиме“ рече Ристоска.

Нагласи дека тука е во нејзино име и во име на вработените во СЈО. Рече дека го почитува начелото на презумпција на невиност.

„Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи”, додаде Ристовска.

На прашањето како ќе се одрази последниот случај на СЈО пред лидерската средба, Ристовска вели дека се надеваат дека целата работа која СЈО ја заврши и стандардите кои ги постави ќе биде примарниот мотив кога се одлучува за судбината на институцијата.

„Се оградуваме од сите политички контексти во кои можеме да бидеме вклучени во тие преговори и дека интересите на државата ќе се стават над дневно-политичките интереси“, изјави Ристовска.

Таа кажа дека во СЈО не биле претходно информирани за оставката и за намерите на Јанева и дека тоа им било соопштено во исто време кога било изнесено во јавноста.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека се работи за финансиски и политички мотиви.

„Акцијата е театар за да се спасат вистинските криминалци. Да се заштити Катица Јанева. Врвот на власта седи зад овој скандал“, обвини Мицкоски.
Тој побара притвор за специјалната обвинителка.

„Компромитираното СЈО е завршена работа, а сега треба да има притвор за Катица Јанева и за сите вмешани зашто исполнети се сите услови за ваква мерка. Има можност за повторување на делото зашто Јанева уште е прв човек на СЈО, има можност за бегство и влијание“, вели Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Стефанова од СЈО: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“ вели дека сите одлуки и списи кои излегувале од Специјалното...

Македонија16 минути

СЈО се огради од Јанева, бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Македонија46 минути

Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија2 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија4 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет5 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион5 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет6 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија7 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа7 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија15 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија17 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија17 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион20 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија22 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија22 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 ден

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Досие