Македонија
Утре сончево со мала облачност и температури до 18 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб, во југозападните делови повремено умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер во четврток од северозападен, а потоа од јужен правец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повлечен e авансот за кинеските вакцини, од Министерството за здравство велат дека договорот не е откажан

Министерството за здравство потврди дека го повлекло авансот што беше уплатен за набавка на кинеските вакцини од „Синофарм“. Оттука сепак наведуваат дека Договорот не е откажан.
Како што образложија од Министерството, уплатата била повлечена на барање на кинеската компанија поради усогласување на документацијата, но воопшто не станува збор за откажување на договорот и вакцините ќе пристигнат во земјава.
Македонија треба да добие 200.000 илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.
Македонија
Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 153, Кавадарци – 30, Куманово –22, Прилеп – 21, Тетово – 18, Неготино – 14, Охрид – 11, Гостивар и Гевгелија – по 6, Струга – 5, Штип и Битола – по 4, Ресен – 3, Велес и Делчево – по 2, Струмица, Кичево, Богданци и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 167 оздравени пациенти од: Скопје – 71, Прилеп –26, Велес – 10, Куманово и Струмица – по 6, Штип и Битола – по 5, Тетово и Гостивар – по 4, Кавадарци, Делчево и Кичево – по 3, Гевгелија, Богданци, Кочани, Пробиштип, Виница и Кратово – по 2, Неготино, Охрид, Ресен, Крива Паланка, Радовиш, Валандово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (79г,72г,67г,57г), 3 пациенти од Прилеп (79г,71,70), 2 пациенти од Гевгелија (85г,71г), и по еден пациент од Куманово (77г) и Битола (80г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-553, ЦЈЗ Скопје-41, ЦЈЗ Битола-121, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина -1, УК Пулмологија со алергологија –1, Жан Митрев (Филип Втори)-145, Авицена-318, Биотек-348, Систина-318, Лаор–424, Синлаб-22, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 238.
Досега во земјата се направени вкупно 522.518 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.787, бројката на оздравени пациенти е 91.233, на починати е 3.137, а бројот на активни случаи изнесува 8.417.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 44972, активни 3760
Куманово 5590, активни 280
Тетово 5464, активни 291
Прилеп 5405, активни 633
Гостивар 3789, активни 151
Штип 3659, активни 123
Велес 3454, активни 262
Битола 3440, активни 185
Кавадарци 3386, активни 618
Охрид 3253, активни 436
Струмица 2713, активни 175
Струга 2414, активни 187
Кочани 1822, активни 69
Кичево 1778, активни 72
Гевгелија 1220, активни 185
Неготино 1244, активни 227
Свети Николе 1109, активни 26
Крива Паланка 835, активни 90
Ресен 813, активни 69
Дебар 794, активни 43
Радовиш 744, активни 25
Делчево 744, активни 189
Берово 642, активни 25
Пробиштип 544, активни 26
Виница 521, активни 23
Валандово 368, активни 30
Крушево 284, активни 73
Кратово 277, активни 34
Демир Хисар 266, активни 15
Богданци 275, активни 47
Македонски Брод 252, активни 7
Демир Капија 242, активни 32
Македонска Каменица 193, активни3
Пехчево 186, активни 4
Дојран 95, активни 2
Македонија
Ковачев: Честитки за храброста на Георгиевски, неговите предлози се добар почеток

Честитки за храброста на Љубчо Георгиевски. Тој веќе е брутално нападнат и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, што за жал покажува колку е отровно политичкото опкружување околу Вардар. Ова го изјави бугарскиот европратеник и вицепремиер на Европската народна партија, Андреј Ковачев по повод вчерашниот предлог на Георгиевски.
Поранешниот македонски премиер предложи да се понудат гаранции дека Македонија нема никакви претензии кон Пиринска Македонија и дека нема да поддржува организации за македонските малцинства. Бугарскиот парламент да усвои декларација во која се наведува дека поимите македонска нација и македонски јазик се однесуваат само на нацијата и јазикот создадени по 1944 година. Македонските учебници да бидат исчистени од навреди кон Бугарите. Македонија да го признае масакрот и прогонот на македонските Бугари по 1945 година. Јавно да објави дека Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров и други биле учители на Бугарската егзархија.
„Некои елементи од предлогот на господинот Георгиевски да се излезе од ситуацијата во која се најде Владата на РСМ, откако тврдоглаво одби да го спроведе Договорот за пријателство и добрососедство повеќе од три години, не се нови. Признавањето и на современата реалност и на историските факти мора да одат рака под рака, како што е запишано во договорот. Многу од неговите идеи покажуваат вистинско разбирање за реалниот проблем меѓу нашите земји и претставуваат сериозна основа за изнаоѓање политичко решение“, вели Ковачев.
Тој додава дека Бугарија ги препознава новите реалности – создавање на современ македонски јазик и модерна македонска нација по 1944 година.
„Македонија мора формално да се одрекне од сите територијални претензии кон Пиринска Македонија, како и од какви било барања за македонско малцинство во Бугарија. Да, историчарите мора брзо да најдат јасно решение за општата историја, засновано врз оригинални документи од соодветната ера, за да потврдат како се дефинирале Гоце Делчев, Даме Груев и другите фигури на БМРОК / ТМОРО / ВМОРО / ВМРО. Сите тие се декларираа како етнички Бугари, и служеа на бугарската држава, на бугарската војска, на Бугарската егзархија, предаваа во бугарски училишта, пишуваа, зборуваа и го нарекуваа нивниот јазик бугарски, и сега тие се заеднички предци на двата модерни народи, без разлика дали го дале животот за слободата на Македонија и Одринска Тракија!“, вели Ковачев.
Бугарскиот европратеник објаснува: „Да, злосторствата на комунистичкиот режим на Тито против македонските Бугари (без оглед на бројот на жртви) мора да бидат разјаснети и признаени!“, вели тој.
Понатаму додава дека македонските учебници и книги мора веднаш да се исчистат од сите термини навредливи за Бугарија и Бугарите, како што се Татари, фашисти, окупатори итн.
Инфраструктурата, како и соработката во економската, образовната и културната сфера, мора да бидат апсолутен приоритет за владите на двете земји, без оглед на темпото на напредок, стагнација или „заостанување“ во врска со историскиот спор, додава тој.
Според Ковачев, Георгиевски не е во право, или барем не е доволно јасен, кога зборува за обид на „македонските преродбеници“ да кодифицираат заеднички јазик со бугарскиот во 19 век.
Ковачев му заблагодари на Герогиевски за предлозите.
„Овие предлози се навистина добар почеток. Се надевам дека властите во Македонија ќе ја слушаат неговата мудрост пред да заминат да го распнат на крст“, рече европратеникот и потпретседател на Европската народна партија Андреј Ковачев.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран