Македонија
Утре теренска вакцинација во повеќе населени места
Теренската вакцинација за вторник, 20.7.2021, ќе се одвива во следните населени места:
Делчево: Саса 1, Саса 2
Ресен: Наколец, Штрбово
Штип: Шашаварлија, Кошево, Почивало
Свети Николе: Немањеци, Ранченци
Демир Хисар: Слоештица, Мренога, Вирово
Берово: Владимирово
Струга: Драслајца
Струмица: Добрејци, Просениково
Неготино: Челевец, Лаки
Пробиштип: Лесново
Кочани: Зрновци
Битола: Црнобуки, Новозмирнево, Драгарино, Лисолај, Лопатица
Охрид: Косел, Вапила, Ливоишта, Сирула, Росино, Опеница
Македонски Брод: Бенче, Ковач
Велес: Согле, Богомила, Теово
Крива Паланка: Ранковце
Од Министерството за здравство потсетуваат дека секојдневно ќе информираат преку соопштенија за денот и местата за теренско вакцинирање против Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

