Македонија
(Видео) Стојаноски: Шилегов да каже дали зад изградбата на висококатниците кај „Холидеј ин“ се крие поддршката на Заев за втор мандат
Со месеци институциите Општина Центар, Град Скопје и Министерството за транспорт и врски молчат и не реагираат во однос на висококатниците што треба да никнат тука на над 13.000 м2. Наместо да ги послушаат граѓаните, институциите водени од Шилегов, Богдановиќ и Бочварски си ја префрлаат вината, реагира денеска пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
„Шилегов и Богдановиќ пред да дојдат на власт ветуваа ревидирање на сите детаљни урбанистички планови, воведуваа лажни мораториуми за на крајот да извршат невидена бетонизација на центарот на градот во непосредна близина на реката Вардар. Не само што СДСМ и институциите водени од нивни кадри ја одмолчуваат бетонизацијата на Центар туку и директно ја овозможија. Имено, од 4.000 м2 површина, што ја имале првично купено инвеститорите, СДСМ овозможи да докупат уште 9.000 м2 и тоа градежната парцела да го опфати буквално целиот регион на Ново Маало. Иако лажеа дека нема да дозволат бетонизација, на крајот и Општина Центар и Град Скопје ги издадоа сите потребни дозволи за градба“, посочи Стојаноски.
„Бетонизацијата е спроведувана директно од Шилегов, кој сега од Заев е награден со кандидатура за втор мандат за градоначалник на град Скопје. Покрај тоа што Шилегов е неспособен како и Заев и спроведува тендери, каде што фирмите добитници книжат двојно повеќе пари од тоа што за истите работи плаќаат други општини и градови во регионот, дали Шилегов си ја заработил втората кандидатура со одобрување на висококатниците спроти ‘Холидеј ин’?“, запраша Стојаноски.
Тој побара од Шилегов да излезе и да каже дали зад одмолчувањето и одобрување на градбата на висококатниците кај „Холидеј ин“ се крие поддршката за втората кандидатура од СДСМ и за чии интереси работи Петре Шилегов?
„Време е за отвореност и транспарентност. Шилегов да одговори, неговата работа треба да биде, пред сѐ, за граѓаните. Но, тој не успеа да се издигне над партијата. Време е тој да си замине, а со него и сите лажни ветувања и неработење“, потенцира Стојаноски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато
СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, велат од партијата.
„Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен. Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството“, велат од СДСМ.
Како што додаваат, веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество.
„Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато. Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.