Контакт

Македонија

Филипче: Секретар за односи со општинските организации – ново тело за подобра внатрепартиска комуникација

Објавено пред

„Во мојата комуникација со членовите во текот на изборната кампања, но и во целиот изминат период, заклучив дека недоволната присутност на раководството на терен, слабата комуникација на локално ниво и неможноста да се влијае на централните партиски политики, се меѓу главните причини за лошиот резултат“, истакна Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ при средбата со членовите во Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Тој планира проширување на секретарските места во партијата и формираме на нова позиција, Секретар за односи со општинските организации. Според Филипче, главна задача на секретарот ќе биде структурирана и постојана комуникација со општинските и месните организации.

„Секретарот ќе треба да воспостави јасни и стандардизирани канали за комуникација помеѓу општинските организации и централното раководство. Секретарот под себе ќе има цел тим и ќе биде задолжен да организира редовни средби каде претставниците од ОО можат да ги изразат своите грижи, да споделат сознанија и да дадат повратни информации за партиските политики и иницијативи“, вели Филипче.

Тој порачува дека ќе се воведат нови алатки и механизми, преку кои членовите во непосредна и брза комуникација ќе ги евалуираат политиките и ќе споделуваат ставови за важни политички прашања.

„Ваквиот пристап според мене е критичен чекор кон унапредување на внатрепартиската демократија, обезбедување дека гласот на секој член е слушнат и поттикнување на посилна врска помеѓу централното раководство и членството. Ова тело ќе игра клучна улога во создавањето на транспарентна и ефективна партиска структура, што на крајот ќе доведе до пообединета и поодговорна СДСМ“, вели Филипче.

Македонија

„Покажавте голема пожртвуваност и без вас исходот можеше да биде катастрофален за Битола“: Коњановски со иницијатива за доделување на награда за пожарникарите

Објавено пред

На првата следна седница на Советот на општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски ќе поднесе иницијатива, за доделување награда од страна на Советот на општина Битола на вработените во Територијалната противпожарна единица, за нивното особено залагање и максимално ангажирање во гаснењето на пожарите и справувањето со огнената стихија над градот.

dobivaj vesti na viber

„Од првите кризни моменти на теренот, кога започна пожарот во понеделникот попладне на 15.07.2024 година, на ридовите над обиколницата, сите припадници на ТППЕ Битола, максимално, деноноќно, беа постојано на терен и работеа напорно да се стави пожарот под контрола, иако временските прилики воопшто не беа на нивна страна. Со повеќекратни налети на канадерите, испратени како државна помош од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, големиот пожар сепак беше ставен под контрола, но пресудно беше присуството на пожарникарите на теренот, кои продолжија да се борат на нови опожарени локации, заедно со постојана поддршка на јавните претпријатија и граѓаните, кои индивидуално и преку разни здруженија, максимално помогнаа да се стабилизира состојбата, без да имаме катастрофални последици“, вели Коњановски ид одава:

„Кризниот штаб постојано ја следеше состојбата на терен и со взаемна координација, се делуваше во сите можни насоки. Посебна благодарност, како градоначалник, морам да упатам на сесрдната поддршка на битолчани. Ви благодарам на Вашата големина и на Вашата вклученост, да помогнете секој на свој начин, сеедно дали тоа беше поддршка на терен во гаснењето на пожарите, или донации за луѓето на терен во вода и храна. Голем број на компании, меѓу кои Бимилк, Вемилк заедно со Ротари клуб Широк Сокак, Инервил клуб Битола, Хотел ресторан Бела Куќа, Хотел ресторан Капри, Пелистерка, фирмата Фреш Кичево подружница Битола сендвичара на Широк Сокак и други поединци и граѓани, донираа храна за пожарникарите и останатите кои го гаснеа огнот, а постојано се надополнуваа донациите и со вода, сокови, јогурт и млеко за луѓето на терен. Волонтерите од доброволните друштва, паралелно со пожарникарите помагаа на теренот. Тука беа дел од Чкембарите, мотокрос друштва, Доброволното противпожарно друштво Архангел, волонтери, па дури и младиот Митат кој цела вечер со мотокрос носел вода за пожарникарите и доброволците“, посочи Коњановски.

Млади битолчани, потенцираше Коњановски, самоиницијативно со своите теренски возила, помагаа при достава на храна и вода.

„Тука и е битолчанецот Васко Михалчев, кој беше дел од пилотите кои го гаснеа пожарот од воздух. Медиумите, со постојаното следење на состојбата исто така дадоа своја поддршка и беа будното око над градот, известувајќи за секоја теренска новонастаната состојба. И доколку некого изоставив, простете ми, но покажавте голема пожртвуваност и без сите Вас, предводени од нашите пожарникари, навистина исходот можеше да биде катастрофален за Битола и битолчани“, рече градоначалникот Тони Коњановски, образложувајќи ја иницијативата за доделување награда на околу 40-тина вработени во ТППЕ Битола

Прикажи повеќе...

Македонија

„Лопатарот Мицкоски се шета додека државата е во пламен“, велат од СДСМ

Објавено пред

„Лопатарот Мицкоски очигледно решил целосно да ги игнорира пожарите во земјата и да се шета на протоколарни конференции во Англија. Откако на првиот ден од пожарите тој лопатареше во Охрид ветувајќи дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола, сега реши да избега целосно и да не биде присутен во услови на огромна еколошка криза“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Каква неодговорност и бесчуствителност е ова? Мицкоски нема ни Л од лидер, уште помалку премиер кој треба да ја води државата. Дали на секоја криза или некомотна ситуација Мицкоски ќе бега од земјата? Ова е срамно и кукавички. Според информациите од граѓаните, државата гори на сите страни, изгорени се сигурно повеќе од 2000 хектари на Серта во неготинско. Беснеат пожари секаде, а Мицкоски избега од топлото.

Се уште се крие од јавноста и не ги покажува сметките за приватните патувања со синот во Вашинготн, ја задолжи државата преку ноќ, си зема кредит во четири очи од Будимпешта, а граѓаните оставени да се снаоѓаат како знаат со пожарите“, соопшти СДСМ.

Прикажи повеќе...

Скопје

Асфалтирање краци на улицата 1 во Ново Село – Ѓорче Петров

Објавено пред

По неколку децении се решава еден од најгорливите проблеми за жителите во Ново Село, односно асфалтирање на краците на улица 1. Се работи на четири краци на улицата со вкупна должина од 200 метри и вкупна површина од 600 м². На три краци се поставени бекатон плочки, а на еден крак е поставен асфалт.

dobivaj vesti na viber

-Со ова се решава децениски проблем на жителите од Ново Село и се овозможува достоинствени услови за пристап до нивните домови – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој беше на увид во работата.

Продолжуваме со реализација, додаде тој, и ќе ги асфалтираме сите улици во нашата општина.

-Ѓорче Петров без кал ќе биде реалност со која сите ќе се гордеат – подвлече Стојкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик....

Македонија4 часа

ЦУК: Oд рани зори се гасат пожари по земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се на располагање

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено. Утрово активни се...

Култура5 часа

Европски филмови на плажа и на брод во Охрид секоја вечер до недела – „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич...

Свет5 часа

(Видео) Шеснаесет лица загинаа во пожар во трговски центар во Кина

Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија...

Европа5 часа

(Фото) Сателитите открија „Панцир“ системи и мистериозни објекти кај резиденцијата на Путин

Сателитските снимки открија дека нов систем за противвоздушна одбрана со краток дострел штити една од резиденциите на рускиот претседател Владимир...

Регион5 часа

Мажи од такси возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер

Синоќа имало пукање во Лозница, град на западот на Србија. Се се случило при рутинска контрола на такси возила од...

Свет6 часа

Бајден има коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот за Ковид-19, потврди Белата куќа, откако Бајден присуствуваше на настан во Лас...

Економија16 часа

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

Со ребалансот на буџетот новата Влада обезбеди 5,1 милијарда денари за сервисирање на кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во...

Македонија20 часа

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија21 час

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија21 час

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија22 часа

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија24 часа

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија1 ден

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет1 ден

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...

Свет1 ден

Лавров: САД е во голема заблуда ако мисли дека нема да страдаат од нова светска војна

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден е во голема заблуда ако мисли дека САД нема да страдаат од нова светска...

Македонија1 ден

Расчистен обидот за убиство врз градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава

Полицијата го расчисти случајот со пукањето кон градоначалникот на општина Арачиново и други лица вработени во општината, додека вршеа увид...

Култура1 ден

„Бизнисот на задоволството“ со награда во Уругвај за сценографија

„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски се закити со десетто признание на меѓународните филмски фестивали во светот. Овој пат наградата...

Македонија2 дена

Убиство во Македонски Брод, жртвата е 31-годишен војник во АРМ, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого...