Македонија
(Фото) Пендаровски се фотографирал со убиениот Оки; Кабинетот: Не е седнат, ниту лично се познавал со нив
Убиениот Орхан Бајрами – Оки се фотографирал со претседателот на државата, Стево Пендаровски, но никогаш не седнал во негово друштво на маса. Од претседателскиот кабинет за „Макфакс“ посочуваат дека Пендаровски се фотографирал со сите кои ќе побарале. Според нив, фотографијата е направена пред четири години, за време на кампањата за претседателските избори. Прашани како може Пендаровски да биде во друштво на водичи на нарко-кланови, како што се сметаше Оки, тие рекоа дека безбедносни проценки за лица кои спонтано приоѓаат за фотографирање не се прават.
„Претседателот Стево Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година, посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи. Претседателот Пендаровски е фотографиран на барање на лицата од посочената фотографија и лично не се познавал со нив“, велат од Кабинетот на Пендаровски за „Макфакс“.

Тие посочуваат дека имало само фотографија, но не и разговор. Додаваат дека проценки со кого да се фотографира претседателот или во тоа време кандидатот на претседателот – не се прават од страна на МВР.
„Во однос на безбедносните проценки, се правеле проверки и проценки за средбите што ги имал кандидатот за претседател во тоа време, но такви проценки не се прават и не можат да се прават за лица кои спонтано приоѓаат заради фотографирање со кандидатот“, додаваат од Кабинетот за „Макфакс“.
Орхан Бајрами – Оки е убиен ноќеска во Грција. Тој и е познат на македонската јавност како дел од мафијашкото подземје. Го сметаа за неформален лидер на т.н. групата „Дуќанџик“. Беше инволвиран во неколку вооружени инциденти, а познат е и за македонската полиција. Според неофицијални информации на грчките медиуми, убиството на Бајрами-Оки, било извршено од неколку лица, со пиштоли, од кои испукале дваесетина куршуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

