Македонија
Хируршките сали на Клинички остануваат затворени: Системот за воздух мириса и без хаварија, примероци од гасот испратени во Германија
Лабораторија во Германија ќе утврдува зошто без хаварија во системот се јавува миризба во дистрибутивната мрежа за кислород и компримиран воздух поради што се затворени хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Се оперираат само итни случаи, за кои се не се користи мрежата за воздух туку надворешен компресор, а останатите пациенти се препраќаат во „Св. Наум Охридски“ и во ГОБ „8 Септември“.
По молкот од минатата недела, министерот за здравство Илир Демири денес кажа дека Клинички има проблем со мрежата за кислород и компримиран воздух веќе еден месец. Имало хаварија во компресорската станица пред еден месец.
„Се расипа еден од компресорите и доведе до оштетување, влезе масло во цевките по што тој компресор е исфрлен од функција. Беа три компресори. Почна клиниката да функционира со два компресори. Ги издувавме комплетно цевките, поминаа технички преглед од две независни институции кои не се поврзани со Клинички центар. За сметка на квалитетно испорачување на компримиран воздух, ја сопревме и функцијата хипербарната комора, која е дел на пластична хирургија. Побарав итно од менаџерите да поднесат барање и да може да се сервисираат истите компресори. Повторно минатата сабота, веќе осум – девет дена се случи истиот проблем. Без да има никаква хаварија во системот едноставно се појавува некоја лоша миризба во дистрибутивната мрежа на кислород и на компримиран воздух поради што веднаш реагиравме. Денеска се испратени мостри од гасот во Република Германија да се испитаат“, рече министерот Демири кој нагласи дека хируршките сали се градени пред 30 години, кога била поставена инсталацијата за снабдување со кислород и компримиран воздух.
Хируршките сали ќе останат затворени се додека не добијат документ од Германија кој ќе им потврди дека е безбедно да ја користат мрежата за снабдување со воздух. Морале да испратат примероци во Германија оти немаме домашна акредитирана лабораторија која може да издаде валиден документ за исправноста на системот. Анализата во две домашни лаборатории, кои компании ги имаат за свои потреби, покажала дека нема недостаток во квалитетот на гасовите, освен што има зголемена влага. Поради тоа во два наврати препорачале да се менуваат филтрите во компресорските станици.
За да се утврди одговорноста за хаваријата во системот, Демири сета документација што ја има ја доставил до Обвинителството оти сопственик на компресорката станица не е здравствената установа туку службата за општи работи. Очекува Обвинителството да ја расплетка замрсената сопственичка структура и да утврди кој треба да одговара за хаваријата со хируршките сали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

