Македонија
ЦУК: Вчера имаше 34 пожари на отворен простор, активни се уште два

Центарот за управување со кризи известува дека вчера имало вкупно 34 пожари во земјата, според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи. Активни пожари во земјата, од вчерашните, се уште два и тие се во општините Македонски Брод и Долнени.
Во општина Македонски Брод, високо над село Белица, на непристапен терен под Солунска Глава гори ретка борова шума во месноста Аргулица. Конкретно, регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарот сè уште е активен, при што е опожарена ретка борова шума на карпест терен со длабоки бездни и било речиси невозможен пристап за лица што би го гаснеле пожарот од земја, а е отежнато и за авиони. Во текот на вчерашниот ден на терен биле пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод со два пожарникара и двајца вработени од ЈП „Национални шуми“, подружница „Сандански“ од Македонски Брод.
Вториот активен пожар е во општина Долнени, кај село Небрегово, каде што гори мешана шума. Конкретно, регионалниот ЦУК Битола информира дека од 12.41 часот, вчера. со 11 пожарникари и две противпожарни возила од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Прилеп интервенираат за гаснење на запалената шума во атарот на селото Небрегово, над манастирот. Притоа бил загрозен манастирот „Свети Јован Крстител“ и бил голем ангажманот на пожарникарите е за негова заштита од огнот, велат од ЦУК.
Изгаснатите 32 од вкупно 34-те пожари на отворено во државата биле во:
– Општина Сарај, с.Глумово (каде што горело стрниште и сува трева);
– Општина Карпош, крај ул. „Франце Прешерн“ (сува трева и дрва);
– Општина Студеничани, 2, кај с.Моране (сува трева и дрва) и кај с.Црвена Вода (мешана шума);
– Општина Чучер Сандево, покрај патут кон ц.Блаце (сува трева);
– Општина Прилеп: м.в.на месноста „Над Бараки Варош“ (сува трева);
– Општина Долнени, 2, кај с.Дебреште и кај с.Сенокос (сува трева);
– Општина Гевгелија, с.Миравци (сува трева и прнар);
– Општина Валандово, 2, кај с.Марвинци (сува трева и прнар) и кај с.Пирава (сува трева, капини, дел од лозје и овоштарник);
– Општина Кичево, 3: кај с.Осломеј, с.Зајас и кај с.Мамудовци (стрништа);
– Општина Свети Николе, 2: кај с.Амзабегово (стрниште, сува трева и трње) и во близина на река Мавровица (сува трева, трње, овоштарник и чемпреси);
– Општина Штип, 3: кај с.Калапетровци, реон во првец кон с.Кошево (дабова шума и сува трева), кај с.Селце (нискостеблеста и деградирана шума) и на месноста „Мирјанина Црква“ (сува трева);
– Општина Карбинци, с.Крупиште (стрниште и сува трева);
– Општина Пехчево, кај месноста „Крива Круша“ покрај патот Пехчево-Делчево (сува трева);
– Општина Куманово, 2, реон кај месноста „Муслимански гробишта“ и кај бензинска пумпа „Лукоил“ (сува трева);
– Општина Липково, 2, кај с.Лојане (сува трева) и кај с.Слупчане (сува трева);
– Општина Старо Нагоричане, 2, кај с.Никуљане (стрниште, сува трева и драка) и кај с.Младо Нагоричане (сува трева и отпад од пченка);
– Општина Ранковце, во реон на с.Ветуница (нискостеблеста шума, грмушки и сува трева);
– Општина Тетово, во реон на населбата „Вон Вардарска“ (сува трева);
– Општина Брвеница, с.Радиовце (стрниште и сува трева);
– Општина Гостивар, с.Турчане (сува трева) и во
– Општина Врапчиште: с.Топлица (сува трева).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Согласно добиено известување од Град Скопје- Сектор за комунални работи, Регионалниот центар за управување со кризи -Скопје информира дека на ден 11.05.2025 година (Недела) во раните утрински часови ќе се изврши Авионска дезинсекција против ларви од комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во ист термин, велат надлежните.
Се известуваат пчеларите навремено да ги превземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав XIV: Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати писмо со честитки до новиот папа Лав XIV.
„Со голема радост и синовска љубов ја примив веста за Вашиот избор за Петров наследник и Пастир на Универзалната Црква. Од името на верниот Божји народ на Католичката Црква во Македонија, свештенството и монаштвото, како и од мое лично име, Ви го честитам изборот и воедно благодарам што ја прифативте оваа одговорна и света служба, свесни за сите предизвици со кои се соочува Христовата Црква.
Сигурен сум дека со мудроста што Ви е дарувана преку Вашето мисионерско искуство, пасторалната грижа и верноста кон Евангелието, водени од Светиот Дух ќе управувате со коработ Петров – Црквата, низ немирното море, за доброто на целиот Божји народ.
Од Македонија, портата од каде што Свети Павле го пренесе христијанството низ цела Европа, од просторите од каде што потекнуваат светите браќа Кирил и Методиј и од родниот град на света Мајка Тереза, Ви ја ветувам мојата лична молитва, како и молитвите на целиот Божји народ во Македонија, со желби Вашата служба да донесе обнова и зацврстување на верата, единство меѓу христијаните и мир во целиот свет“, напиша бискупот Стојанов.
Македонија
Од Осака до Венеција, Љутков е министер за култура или министер за туризам, прашува СДСМ

Додека над 3.000 културни работници беа во неизвеснот ја чекаа својата мартовска плата, министерот за култура Зоран Љутков не се задржа ниту еден ден во своето министерство. Од Осака па до Венеција, министерот постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место, велат од СДСМ.
Според оваа партија, во моментите кога вработените во културата протестираа пред Министерството, заборавени и игнорирани, Љутков позира на други континенти додека дома културата доживува финансиски колапс.
Ова, како што велат, не е културна политика.
„Ова е културна деградација. Ова е ароганција и расипништво со партите на граѓаните. Културата не е декор за туристичко позирање. Таа е жив систем кој бара посветеност, почит и вистинска грижа.
Додека Љутков патува, народот плаќа. Прашањето е: колку чинат екскурзиите на Љутков.
Зарем вредат патувањата во странство повеќе од тоа да се работи дома за да се решат проблемите во културата“, прашуваат од СДСМ.