Македонија
ЦУК: Санирана опасна ограда на мост во Ѓорче Петров

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по стигната дојава од граѓани доцна синоќа, пред полноќ презеде активности за отстранување на опасноста на мостот – надвозник над железничка пруга на улицата Лука Геров, на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров.
„Конкретно, по добиената информација за искорната ограда и ‘одбрусен’ – паднат страничен дел од мостот надвозник, веднаш е стапено во контакт со лицата за контакт од Општина Ѓорче Петров, при што бил добиен одговор дека најбргу што може ќе преземат мерки и од нивна страна местото ќе биде обележано и обезбедено. Притоа информирале дека надлежноста за санација на мостот била на Град Скопје. Затоа од страна на ЦУК е стапено во контакт со надлежните во Град Скопје, при што во многу кус рок екипа на градското јавното претпријатие ‘Улица и патишта’ излегло на терен и итно го санирало оштетувањето, но привремено, за веднаш да се отстрани опасноста за граѓаните. Тие информирале дека, според нивните оперативни процедури, потоа ќе следувала нивна поопсежна акција и работа за целосно санирање на мостот надвозник. Од утрово од увидот на самото место, во согласност со повратната информација до ЦУК, тие информираа за поставените привремени предупредувачки и заштитни бариери, а и со фотографија за состојбата.
ЦУК во оваа пригода изразува благодарност за добрата соработка со институциите од општина Ѓорче Петров и со Град Скопје, кои во согласност со стандардните оперативни процедури многу бргу ја отстранија опасноста за граѓаните во согласност со заедничката координација остварена преку ЦУК и СОК како сериозни делови од Системот за управување со кризи (СУК)“.
Граѓаните, самоорганизирани во фејсбук-групата „Мое Ѓорче“, како што додаваат од ЦУК, покажаа голема одговорност за колективната безбедност во нашата средина, со правовременото и јасно информирање за опасноста на мостот надвозник над железничка пруга на улицата Лука Геров на потегот меѓу цркавата „Свети Петар и Павле“ и населбата Даме Груев во оштина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски-Спајиќ: во фокусот посветеноста на европската интеграција на Западен Балкан

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Двајцата се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.
Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот, информираат од МНР.
На средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа.
Македонија
МВР: Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти МВР.
Забраната се однесува за следните термини:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 09:00 до 19:00 часот
недела од 09:00 до 22:00 часот
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Специјален сообраќаен летен режим за тешки товарни возила се воведува и на патниот правец А2 Скопје – Охрид – Скопје во периодот од 01.07.2025 до 01.09.2025, и тоа:
Од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот, само во денови со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство:
петок од 17:00 – 22:00 часот
сабота од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 часот до 24:00 часот и
недела од 07:00 до 22:00 часот
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Македонија
Пренасочување на возилата поради сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Од 19:10 часoт има пренасочување на сообраќајот на патниот правец Р1305 Демир Хисар – Кичево поради случена сообраќајна незгода, возилата ќе бидат пренасочени преку с.Единаковци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Според последното известување од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.