Македонија
ЦУК: Четири активни пожари, 19 изгаснати во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи, во согласност со информациите од Секторот за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 23.
Од нив, активни се уште четири: во општина Македонски Брод, во атарот на село Белица, кај месноста Аргулица (под Солунска Глава), гори ретка борова шума на карпест терен со длабоки бездни и е речиси невозможно за пристап за лица и за гаснење; во општина Велес, кај село Нежилово во, близина на месноста Изворите на Бабуна, гори букова шума; во општина Долнени, меѓу село Долгаец, Стровија и Црнилиште гори уредена шума и во општина Штип кај село Пухче, ниска вегетација и шума.
Другите 19 изгаснати пожари во последното деноноќие биле на целата територија на државата во општините:
– Општина Арачиново, кај село Арачиново (каде што горела ниска вегетација);
– Општина Карпош, близу до Канал 5 (ниска вегетација);
– Општина Прилеп, четири пожари, покрај патот Битола – Прилеп, кај Агроинвест, кај село Рилево, село Словие и кај „Алфа Ауто – Прилеп“ (ниска вегетација, стрниште, нискостеблеста шума, трева и грмушки);
– Општина Кривогаштани, кај пречистителна станица на Кривогаштани (ниска вегетација);
– Општина Крушево, кај месноста „Кобел“ (ниска вегетација);
– Општина Велес, село Мамутчево (ниска вегетација);
– Општина Расоман, кај ф-ка „Синсиритас“ (ниска вегетација и напуштени лозови насади);
– Општина Кочани, два, кај село Мојанци и кај село Ново селени (Ниска вегетација);
– Општина Куманово, три вкупно, еден кај село Брзак, и два кај Скачковце (ниска вегетација и отпаден материјал);
– Општина Крива Паланка, село Конопница (депонија);
– Општина Старо Нагоричане, село Никулане (ниска вегетација и ниско стаблеста дрва );
– Општина Јегуновце, село Беловиште (ниска вегетација) и во
– Општина Гостивар, село Градец (каде што горела ниска вегетација).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Илинден, Арачиново и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С.МРШЕВЦИ,ФЕЦ СИМАО 1,2.3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 08:00 до 10:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот дел од корисниците на УЛ.МИЛАН МАРКОВИЌ БР.2-8. (општина Карпош)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФРЕШ ФАРМ С. МРШЕВЦИ (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.БУНАРЏИК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од ФЕЦ СИМАО 1, 2, 3, ФОТО СОЛАР, СИТИ ФЕШ, МЕЦ СОЛАР, СОЛАНТ, МИЈАК (општина Илинден)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.ГРУШИНО (општина Арачиново)
– во периодот од 10:00 до 12:00 часот корисниците од С.АЈВАТОВЦИ (општина Илинден)
Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека на ден 08.05.2025 година ( Четврток ):
· Поради уличен дефект на ф 65 мм на бул, Партизански Одреди бр.63, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талески и Зграда бр,63 на бул Партизански Одреди од 22:00 часот до завршување.(општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно време, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови од земјата, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во сабота повремено засилен северен ветер. Во недела попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.