Македонија
Реализирани многубројни превентивни и едукативни активности во рамките на СВР Битола и СВР Велес
Во текот на вчерашниот ден од страна на полициските службеници од ОВР Крушево при СВР Битола беше спроведена едукативна работилница во Основното училиште „Кирил и Методиј“ во село Бучин на тема „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ како дел од превентивниот проект „Безбедно од дома до училиште“, извести МВР.
Едукативната работилница беше спроведена со ученици од прво одделение од училиштето, на кои им беше одржана соодветна наменски подготвена презентација за значењето на сообраќајните знаци, за хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, како и за правилата за преминување преку раскрсница, а со цел заштита на децата како најранлива категорија во сообраќајот.
На учениците им беше поделен соодветен едукативен печатен материјал, а беше и одржана трка со мото „Трчај до победа“. Во Демир Хисар и Ресен, пак, полициските службеници од ОВР Демир Хисар и ОВР Ресен реализираа превентивна активност во насока на заштита на шумите од пожари и бесправна сеча, при што граѓаните беа информирани за законските санкции со кои може да се соочат во поглед на неодговорното и незаконско однесување, соопшти МВР.
Вчера, и учениците од Основното општинско училиште „Димка Ангелов-Габерот“ од село Ваташа го посетија ОВР Кавадарци. Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци, во просториите на ОВР Кавадарци беа нивни домаќини и се дружеа со учениците.
Во рамките на Светската недела на детето беше реализиран „Отворен ден со полицијата“, каде што на учениците им беа презентирани основните информации поврзани со улогата и задачите на униформираните полициски службеници, а дополнително децата имаа можност и да се запознаат со основните материјално-технички средства што полицијата ги користи во секојдневното извршување на работните задачи, се додава во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сончево време со температура до 28 степени
Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.
Во Скопје сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во источните делови ќе има и во петок, а во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.
Сервисни информации
Без струја, дел од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 – 10:00 часот, корисниците од улиците: 100, 101, 102 и 103 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 – 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Иван Хаџи Николов во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ во нас. Лисиче. (Општина Аеродром).
Македонија
„14 пратеници“, обзнанија Таравари и Хасани: Коалицијата „Вреди“ добила пратеник повеќе во однос на Европскиот фронт по прегласувањето
По прегласувањето на избирачко место во Општина Желино, кое е во рамки на изборната единица 6, според претставникот на „Вреди“, Башким Хасани, коалицијата „Вреди“ добила близу 500 гласа, а за „Европскиот фронт“ гласале 48 избирачи.
Коалицијата „Вреди“ доби еден пратеник повеќе за сметка на пратеник на „Европскиот фронт“ со прегласувањето во шестата изборна единица, изјави Хасани.
„Кога се гласа без притисоци, без кражби и без многу манипулации резултатот е тој, или во случајов, коалицијата ‘Вреди’ го добива 14 пратеник“, рече претставникот на коалицијата „Вреди“.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) за излезеноста на седумте избирачки места на кои денеска имаше прегласување за парламентарните избори, на избирачкото место во Општина Желино, едиствено на кое се прегласува во шестата изборна единица, до 18:30 часот гласале вкупно 546 избирачи.
Претставниците на Коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари и Башким Хасани на социјалните мрежи го напишаа бројот 14 со што алудираат на уште еден пратеник во коалицијата.
Коалицијата „Вреди“ на парламентарните избори на 8 мај, имаше 13 пратеника, а коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ доби 19 пратенички мандати.