Македонија
ЦУК: Четири пожари на отворено, 1.650 повици за итни случаи на 112
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/pozar-veles.jpg)
Регионалниот ЦУК Скопје информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имал две помали интервенции во градот и околината.
Регионалниот ЦУК Велес известува дека пожарникарите од ТППЕ Свети Николе во периодот од 16.20 до 18 часот, со два пожарникара и едно противпожарно возило интервенирале на запалена ниска вегетација покрај патот Свети Николе – Штип, конкретно под надвозникот кај селото Ерџелија.
Регионалниот ЦУК Тетово известува дека пожарникарие од ТППЕ Тетово во периодот од 14.55 до 15.30 часот, со седум пожарникари и две противпожарни возила интервенирале на запалени отпадоци во близина на с. Гајре.
Кон Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 1.650 реални повици, за итни случаи биле 45,03 %, а 54,97 % биле други, именувани како неитни повици, што биле за други потреби на граѓаните – или, едноставно, не биле итни. Со примањето во ЦУК на овие други повици се растоваруваат од повици службите што се за итно интервенирање. Кон полицијата биле упатени 45,50 % од повиците, кон итната медицинска помош 44,95 %, а кон пожарникарите биле упатени 4,95 %. Кон ЦУК имало 3,60 % од итните повици, што е во рамкте на просекот од 3 до 10 %, што ги решава Центарот, секако заедно со 60 % од другите, 60 % именувани и како неитни повици. Поточно, примарно ги координира итните случаи, чија природа на настан бара комбинирано дејствување на повеќе институции или служби во државата, а другите повици што не се итни ги решава во согласност со нивната природа, директно со упатства до граѓаните, каде што треба да се обратат за проблемот што се јавуваат или ги информира институциите и службите од Системот за управување со кризи за понатамошно нивно постапување за решавање на таквите случаи што се во нивна надлежност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.