Македонија
ЦУК: Шумски пожар во близина на местото викано „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/pozar.jpg)
Регионалниот ЦУК Скопје, известува декана крајот од денот, конкретно во 16:15 часот преку Единствениот повикувачки телефонски број за итни случаи 112 на крајот од денот, а пред почетокот на ноќта е добиена пријава за шумски пожар во близина на место викано „Преслап“ после куќата на Планинарското друштво „Китка“, над селото Палиград, а под месноста „Карпата“ на планината Китка.
За ова веднаш се известени ЈП „Национални Шуми“- подружница „Караџица“, од каде што информираа дека реонскиот чувар ќе оди на лице место за проверка на истиот пожар, дали пожарот има големи размери или не. Инаку, се очекува ноќва ниските температури да го намалат пожарот или да се самоизгасне, велат од ЦУК.
„Инаку, околу 18.30 часот неколку велосипедисти кои преноќуваат во објект на планината Китка го пријавија истиот пожар при што дадоа и подетални информации и фотографија, а и за неговата поконкретна локација што придонесува за поголема информативна помош на подружницата „Караџица“ на ЈП „Национални шуми“. Според тие информации на локација на пожарот имало нискостеблеста сува вегетација. ЦУК ја следи ситуацијата преку дежурните во Секторот Е 112 и во Секторот за операции и координација. Во утринската информација ќе има известувања со повеќе детали“, соопшти ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-26-203439.jpg)
Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.
Во 62 налети исфрлени се преку 120 тони вода со што успеа да се локализираат новите реактивирани краци на пожарот и да се спречи прошорување на пожарот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.
Македонија
Пронајдено детето од Скопје кое беше пријавено дека се оддалечило од домот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-5.jpg)
Вечерва околу 19.20 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа осумгодишното дете за кое денеска околу 18.40 часот неговата мајка С.Н. во ПС Карпош пријави дека околу 17 часот се оддалечило од домот.
Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје ги презеле сите неопходни мерки и активности и детето било пронајдено во добра здравствена состојба и ќе биде предадено на родителот, соопшти МВР.
Македонија
На Табановце за влез во државата се чека околу еден час
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/tabanovce.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез во државата се чека е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани –Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Термините се следни:
– петок од 17:00 – 22:00 часот,
– сабота од 09:00 до 18:00 часот и
– недела од 09:00 до 22:00 часот.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:
– петок од 15:00 – 22:00 часот,
– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и
– недела од 07:00 до 22:00 часот.