Македонија
Шаленберг во посета на Македонија – во фокусот евроинтегративниот процес на нашата земја

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, кој е предвидено да престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија.
Во фокусот на разговорите на министрите Османи и Шаленберг ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја, состојбите во регионот, како и билатералната соработка со акцент на економијата.
Соговорниците, како што информираат од кабинетот на Османи, ќе се осврнат и на политичко-економските реперкусии врз Европа како последица на руската инвазија на Украина, како и на мултилатералната соработка, со акцент на претстојното претседавање на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
Покрај средбата со неговиот домаќин, министерот Шаленберг ќе оствари средби и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со други високи државни и политички претставници од земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Хуманитарно движење на ИТ компании продолжува традицонално и во 2022 продолжува со МАРАТОН

Отворен повик до сите ИТ компании за приклучување во проектот за 2022 година.
Донаторскиот проект на ИТ компаниите “IT 4 Charity 2022’ оваа година има нова активност која ќе ги обедини сите вработени во Tech индустријата. На 25 Септември организираме МАРАТОН во кој вработените од IT компаниите ќе можат да се приклучат со велосипед и со трчање на патека долга 10 километри.
Учесниците во МАРАТОНОТ ќе имаат можност на целта да стигнат во СОС Детско село каде што ќе имаат можност да се запознаат со децата поддржани од СОС Детско село и да ја почувствуваат каузата за која ќе спортуваат.
Периодот на хуманитарната акција IT4Charity Marathon 2022 започнува на 25 Maj и ќе трае до 25 Септември ден и кога ќе се реалира Маратонот со старт во парк и финиш во СОС Детско село.
Во моментот се приклучени 7 ИТ компании: Slice, Valtech, EmbedSocial, CodeIT, OneInside, Cognism, CapCargo и Challenger, на кои сме неизмерно горди и ги очекуваме сите останати да ни приклучат.
Сите заинтересирани компании за приклучување во проектот можат да не исконтактираат на: [email protected]
Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи иновативните соработки со ИТ компаниите ќе придонесат за стабилност и континуитет на работата на организацијата за
· обезбедување топол дом и љубов за децата без родителска грижа поддржани од СОС Детско село
· за поддршка на деца во ризик да не останат без своето семејство
· за осамостојување на младите во социјален ризик
ПР
Скопје
Герасимовски: Позорникарите ќе се грижат за безбедноста на граѓаните во секое маало во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски со претставници од Министерството за внатрешни работи и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје, оствари средба со граѓаните кои живеат околу Зелениот пазар. На средбата жителите се запознаа со маалските редари кои ќе се движат низ овој дел од населбата. Од позорникарите граѓаните добија совети како да го обезбедат домот пред заминување на годишни одмори, но и поддршка секоја сомнителна активност да ја пријавуваат. Исто така на средбата стана збор за засилени акции на дивите продавачи како и разговор со позорникарите за секое прашање кое ги мачи граѓаните и се однесува на совет за безбедност на домовите и животот на граѓаните.
„Со маалските полициски службеници на терен се враќа спокојот на граѓаните. Мене ми е мило што и Министерството за внатрешни работи имаше слух за ова барање на граѓаните и одговори на потребите. Во следниот период ќе продолжи патролирањето на полициските службеници во секое маало и тие ќе нѐ заштитуваат нас и нашите деца. Со самото присуство на позорникарите ние родителите ќе си ја вратиме сигурноста и чувството за безбедност“, изјави Герасимовски.
Маалските позорникари на денешната средба со граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите и повикаа на пријавување на сомнителни активности на телефонскиот број 192.
Инаку, маалските полицајци-позорникари најпрво ќе се вратат во Општина Центар, а потоа и во неколку општини во градот Скопје. Тие треба да обезбедат безбедна детска игра и безбедност за тинејџерите, личната сигурност и заштита на имотот на граѓаните, спречување на извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже што договарал со бугарските здруженија

Христијан Мицкоски треба да излезе и да објасни што договарал со претседателите и основачите на бугарските здруженија и клубови во државата наместо секојдневно од Белата палата да пласираат лаги и невистини. Основачите на клубот „Ванчо Михајлов“имаат објавено бројни фотографии каде се во друштво на Мицкоски и високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека деновиве се појавија и фотографии каде Мицкоски во еден манастир е сликан со претседателот на здружението „Цар Борис Трети“.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски Владата предводена од СДСМ по прашањата со Бугарија постапува сериозно и одговорно, силно штитејќи ги црвените линии поставени со Резолуцијата усвоена од Собранието.
Ниту за Гоце Делчев, ниту за македонскиот јазик, ниту за македонската посебност, нема и нема да има какви било преговори, македонскиот идентитет е меѓународно потврден и загарантиран, ВМРО-ДПМНЕ да престане да глуми патриотизам и да ги лаже и вознемирува граѓаните.
Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата што подигаше споменици на Ќосето, која на партиски настани воспева и слави личности како Ванчо Михајлов, Тодор Александров и други од тој дел на историјата тотално спротивни на Делчев и на македонските интереси во тој период, се вели во соопштението.