Македонија
Јакимовски негира рушење на игралиште и фонтана во Карпош, граѓаните утре на протест

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, негира рушење игралиште и фонтана во Карпош откако дел од жителите на општината преку писмо порачаа дека се планира игралиштето, фонтаната и зеленилото покрај булеварот Теодосиј Гологанов да се претворат во згради со точка од ДУП. Жителите на Карпош се гневни, велат властите ќе уништат парк, за да никнат згради.
Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат.
„Од ВМРО-ДПМНЕ се јавуваа на луѓе да ги лажат дека ќе им се уништела фонтана и ќе се направела улица. Сè е тоа лага. Нека престанат со лагите и со флоскулите на урбана мафија бидејќи белата фасада им е плод на урбаната мафија“, додаде градоначалникот.
Во писмото петиција, потпишано од жители на Карпош, се најавува протест, кој е закажан за утре пред зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент, каде што треба да се одржи седницата на Советот на Општината. Според нив, со планот ќе се уништи целиот комплекс спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ – паркот со фонтаната и игралиштето за деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес температура до 25 степени, вечерва пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат за денес од Управата за хидрометеорологија. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Македонија
Денес без струја делови од Кисела Вода

ЕВН Македонија извести дека денес 11.05.2025 година ( недела ) без електрична енергија ќе останат неколку делови од општина Кисела Вода.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без стрја ќе бидат корисниците од Киро Фетах, улица Драчево, улица Герника. околината на Амигос сокара и Драчвски патак.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот нема да имаат струја корисниците од улицата Борис Трајковски 7 компаниите Ѓоко Мицевски ДООЕЛ и Јогомеркур.
Прекините се поради изведување технички зафати во електродистрибутивната мрежа,
Македонија
Работна посета на министерот Муцунски на Кралството Шведска

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, на покана на шведската министерка за надворешни работи, Мариа Малмер Стенергард.
Во рамки на посетата, покрај билатералната средба со министерката Стенергард, предвидено е министерот Муцунски да оствари средби и со министерката за европски прашања, Џесика Розенкранц, како и со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Хакан Јеврел.
Во шведскиот Парламент – Риксдаг, министерот ќе се сретне со Шерштин Лундгрен, трет заменик-претседател на Риксдагот. На средбата ќе присуствуваат и високи претставници и членови на парламентарните комисии за надворешни работи и европски прашања, како и членови на Групата за пријателство и соработка со Собранието на Република Северна Македонија.
Во рамки на престојот, министерот Муцунски ќе оствари средби и со претставници на македонската дијаспора, како и посета на црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме.
Целта на посетата е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, реафирмирањето на шведската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.