Македонија
Јакимовски: Како иден претседател ќе предложам клучни реформи во локалната самоуправа
Во Република Македонија имаме четири власти, законодавна тоа е Парламентот, извршна тоа е Владата, судската Власт ја знаеме сите и четвртата власт е локалната самоуправа. Како иден претседател на Република Македонија ќе предложам реформи токму во четвртата власт, во локалната самоуправа заради поголема функционалност на локалната самоуправа имајќи во предвид дeка локалната власт е најблиску до
граѓаните и е најнепосреден сервис на граѓаните на било кој дел од Република Македонија, вели претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.
„Нам ни се потребни измени во Локалната самоуправа и во делот на функционирање на Град Скопје. Нов Закон за Град Скопје, нов Закон за локална самоуправа со кој што ќе се зголемат ингеренциите во делот на комуналните инспектори.
Значи ние мораме да имаме комунални инспектори коишто ќе можат да легитимираат да казнуваат, да физички неутрализираат затоа што вака на ваков начин функционирање на комунална инспекција при што легитимирањето треба да го врши полицијата е апсолутно нефункционално“, додава тој.
Оценува дека мора да се направат промени и во Законот за домување, бидејќи како што појаснувам, имаме Закон кој што е апсолутно нефункционален и во кој што немаме никакви ингренции, а имаме граѓани коишто во станови чуваат по 20-30-40 мачки, кучиња и постојано се жалат граѓаните.
„Имаме граѓани кои не сакаат да ги плаќаат заедничките сметки, имаме граѓани кои што ги загрозуваат и виталните интереси на граѓаните во колективните згради со тоа што се загрозува безбедноста, згради каде протекуваат, згради кадешто имаме запушување на канализации итн.
Значи се на се, нам ни е потребен еден нов Закон за локална самоуправа како и поделба на јавните градски претпријатија во Скопје по општините за да имаме функционални јавни градски претпријатија затоа што на ваков начин навистина е срамота да не можеме да се справиме со хигиената , навистина е срамота да не можеме да се справиме со одржувањето на зеленилото. И навистина е срамота и натаму да имаме поделени ингеренции кои што граѓани ги доведуваме во недоумица“ додава Јакимовски.
Во исто време, како што посочува, со новиот Закон за локална самоуправа треба да се предвидат и начини и форми како ќе се разрешуваат конфликните ситуации во советите, опструкциите во советите. „Сѐ на сѐ значи ние мораме да направиме една функционална локална самоуправа со зголемени ингеренции и поголема ефикасност со што на крајот ќе имаме подобри услови за граѓаните и по задоволни граѓани.
МВР, подвлекува тој, мора да се ослободи од сите ингеренции кои не му се нему изворни ингеренции, дали е дозволиво двајца сообраќајни инженери да одобруваат сообраќајни планови на ниво на цела држава. „Дали е тоа пропулзивно? Ние можеме секоја локална самоуправа да си има свои сообраќајни инженери кои тоа ќе го одобруваат, а министерствара нека ја задржат контролната функција, инспекциските органи итн.
Сѐ е тоа во интерес на подобро функционирање на локалната самоуправа, а со тоа значи и подобар сервис на граѓаните. И јас сметам дека претседателот на државата е тој што треба да покрене една ваква сеопшта расправа која што ќе трае подолго време ќе се нотираат сите проблеми во локалната самоуправа се со цел да имаме поефикасна четврта власт во Република Македонија“, истакна Јакимовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.
Македонија
Боки-13 за операцијата „Бумеранг“: поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска
Бојан Јовановски-Боки 13 поднел кривични пријави против поранешниот премиер Зоран Заев, ексминистерот за внатрешни, Оливер Спасовски, и двајцата генерални секретари на СДСМ, поранешниот Александар Кирацовски и актуелниот Миле Зачевиќ, како и против поранешната шефица на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
Тој дошол во Обвинителството на покана на актуелниот шеф на оваа институција, Ислам Абази.
Најави дела кривично-правната операција е наречена „Бумеранг“.
„Сите мои наводи и описот на настаните ќе бидат материјализирани со докази што потекнуваат од мојот телефонски уред, кој ми беше одземен при моето апсење во предметот ‘Рекет’. Се работи за кривични дела што се однесуваат на злоупотреба на службената положба и овластувањето, за изборни измани, незаконско финансирање политичка партија, злоупотреба на јавните набавки“, додаде тој.
Најави и продолжение на предавање докази во писмена форма.
„Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службената положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е речиси во секоја пријава“, рече Јовановски.